Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Нови регрутациски бонуси ја оптоваруваат руската економија – војната во Украина бара се поголема цена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
1680805716_putin

Големите парични награди што Русија ги нуди за нови војници, со цел да го одржи воениот напор во Украина, стануваат сè поголем товар за руската економија – се наведува во најновиот извештај на Институтот за проучување на војната (ISW). Трошоците значително пораснале поради овие бонуси и вработувањето во воената индустрија.

Во јули 2023 година, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој стандардниот бонус за регрутирање се зголеми од 195.000 на 400.000 рубљи (околу 2.000 до 4.000 евра), што е речиси петпати повеќе од просечната месечна плата во Русија. Според „Бизнис инсајдер“, ваквото покачување ја довело војската во директна конкуренција со цивилните сектори за работна сила, што предизвикало пораст на платите и цените – особено во услужните дејности.

Аналитичарите на ISW предупредуваат дека Русија не може неограничено да ги пополнува своите воени редови со вакви високи надоместоци, ниту пак може да ги одржува тековните исплати без да го загрози целото стопанство. Масовна мобилизација и натаму не е воведена, но без неа, темпото на надоместување на загубите не е одржливо, оценуваат тие.

Според проценките на Центарот за стратешки и меѓународни студии, Русија досега има над 950.000 загинати и ранети војници во војната. Истовремено, Москва ја олеснува монетарната политика за да поттикне економски раст, додека ја зголемува воената потрошувачка – што, според експертите, претставува рецепт за нова економска нестабилност.

— реклама —

Анализите укажуваат дека овие превисоки исплати го ослабуваат куповната моќ на граѓаните, ја девалвираат рубљата и водат кон продлабочување на економските проблеми. Во 2023 и 2024 година, руската влада ги надмина своите цели за регрутирање – главно поради овие парични стимулации, кои на моменти биле слични со надоместоците што ги нуди американската армија.

— реклама —

Таквата политика краткорочно доведе до раст на економијата, особено на одбранбената индустрија. Според економистите од бриселскиот тинк-тенк „Бругел“, воените трошоци и бонусите беа клучни фактори за растот на БДП на Русија во изминативе две години. Но, веќе во втората половина на 2023 година, економијата почна да се прегрева, по што Централната банка неколку пати ги зголеми каматните стапки.

И покрај тоа, најголем дел од кредитите во Русија и натаму се даваат по субвенционирани услови, а воената индустрија е заштитена преку јавни набавки, па најмногу страдаат секторите што немаат врска со војната. Кон крајот на 2024 година, и самиот воено-индустриски сектор покажува знаци на застој, пишува „Бругел“, со заклучок дека економијата веќе се судира со сопствените граници на капацитет.

— реклама —

Дополнително, Русија се соочува и со структурни слабости, кои сè уште не се надминати – губење на странски пазари за оружје, зголемени трошоци за заобиколување санкции, и лоши политики за работна сила и миграција.

„Овие фактори само ја влошуваат економската нестабилност, без разлика што руската економија до сега покажуваше отпорност, благодарение на воените инвестиции“, заклучуваат експертите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија тврди дека уништила инфраструктура што ја користи украинската војска

Свет | пред 12 часа

media-libraryeqpi3p374lp0e3TtA7y

Русија распиша потерница по ќерката на убиениот критичар на Путин, Борис Немцов

Свет | пред 21 час

media-libraryhb97pf41t48vdAkHg4a

Москва под портокалов аларм поради екстремни горештини

Свет | пред 1 ден

media-librarynb44ogip0afq1g7dFWl

Одмор со неизвесност: Војната силно го погоди туризмот во Русија

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања