Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Нови случаи на западнонилска треска во Франција: Првпат во овој регион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library4a5224hjs07a6U0X8cZ
unsplash / Rapha Wilde

Во Франција се регистрирани три случаи на зараза со вирусот на Западен Нил кај луѓе во департманот Лоара-Атлантик, на западот на земјата, соопшти француската Регионална здравствена агенција (АРС).

— реклама —

Од агенцијата предупредуваат дека појавата на автохтони случаи во регионот Пај де ла Лоар укажува на локална циркулација на вирусот и бара зголемено внимание од здравствените работници и населението.

Ова е првпат случај на зараза со вирусот на Западен Нил да биде регистриран во регионот Пај де ла Лоар. Според АРС, тоа укажува на локална циркулација на вирусот и потреба од засилен надзор и навремено откривање на нови случаи.

— реклама —

Првиот случај на зараза со вирусот во Франција бил откриен во текот на летото 2025 година во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег. Во текот на минатата година, во континенталниот дел на Франција биле регистрирани 62 случаи кај луѓе.

— реклама —

Вирусот на Западен Нил главно циркулира меѓу птиците, а кај луѓето се пренесува преку убод од заразен комарец од родот Culex, кој најчесто каса во текот на ноќта.

Во најголем дел од случаите заразените лица немаат симптоми. Кај дел од нив може да се појават симптоми слични на грип, како покачена температура, главоболка и болки во мускулите.

Во околу еден отсто од случаите може да се развијат тешки невролошки компликации, кои можат да остават трајни последици, а во најтешките случаи да завршат и со смртен исход.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на 12

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD

Западнонилската треска се шири кон северот на Европа, пријавени 1.715 случаи

Свет | пред 1 седмица

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви во земјава се искачи на 11

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште една жртва на западнонилска треска

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања