Промени тема
Контакт

Нови тензии меѓу УЕФА и ФИФА: Се споменува бојкот на Светското клупско првенство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Спорт
media-librarymduda4s808vv94HqVMM
screenshot youtube

Односите меѓу УЕФА и ФИФА повторно се во фокусот, откако британските медиуми објавија дека претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, работи на обезбедување поддршка за можен бојкот на Светското клупско првенство во 2029 година.

— реклама —

Според овие информации, Чеферин планира да разговара со претседателот на Европската асоцијација на клубови (ECA) и прв човек на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, со цел да обезбеди поддршка од водечките европски клубови. Причина за незадоволството, според британските медиуми, е организацијата на проширеното Светско клупско првенство, како и густиот натпреварувачки календар и зголемениот број натпревари.

— реклама —

Во извештаите се наведува и дека Чеферин не планира да се кандидира за претседател на ФИФА, туку работи на создавање поширока коалиција, која би поддржала друг кандидат на следните избори.

— реклама —

Од друга страна, актуелниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино, и натаму има силна поддршка од голем број национални федерации, особено од Азија, Африка и Јужна Америка.

— реклама —

Доколку европските клубови навистина се одлучат на бојкот, тоа би претставувало сериозен удар за Светското клупско првенство и дополнително би ги заострило односите меѓу УЕФА и ФИФА.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

lopta-fudbal

Ласери, пиротехника и предмети на теренот: УЕФА го казни Хајдук со 56.000 евра

Спорт | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryq9rpuu0r9cad3l0v7LL

УЕФА се закани со тужба против Инфантино

Спорт | пред 2 месеци

media-libraryq9rpuu0r9cad3l0v7LL

УЕФА бара одговорност од Инфантино по спорниот предлог на ФИФА

Спорт | пред 2 месеци

albanija

УЕФА ги казни Албанците за срамното скандирање: „Убиј го Србинот“

Вирално | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања