Промени тема
Контакт

УЕФА се закани со тужба против Инфантино

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Спорт
media-libraryq9rpuu0r9cad3l0v7LL

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се соочува со нови проблеми откако УЕФА најави можни правни мерки поради пропаднатиот план за формирање на компанијата „ФИФА Форвард Ентерпрајз“ (FFE), а Англија и Велс ја повлекоа поддршката за негов реизбор.

Според британскиот „Телеграф“, УЕФА испратила писма до Инфантино и до други лица поврзани со проектот, меѓу кои и американскиот инвеститор Џошуа Кушнер, барајќи да не се уништуваат документи и електронски записи поврзани со планот.

— реклама —

Во писмото се наведува дека УЕФА активно разгледува можност за покренување правни постапки, арбитража и обраќање до надлежните регулатори.

Планот, претставен на 28 јули, предвидуваше формирање нова компанија која ќе ги обедини комерцијалните активности на ФИФА и продажба на удел на приватни инвеститори. По остриот отпор, особено од УЕФА, ФИФА во саботата соопшти дека се откажува од проектот.

— реклама —

Во меѓувреме, фудбалските асоцијации на Велс и Англија објавија дека повеќе не ја поддржуваат кандидатурата на Инфантино за нов мандат од 2027 до 2031 година.

— реклама —

Од Велшката фудбалска асоцијација порачаа дека претседателот на ФИФА ја изгубил нивната доверба поради, како што наведуваат, неуспеси во управувањето, лидерството, донесувањето одлуки и комуникацијата. Англиската фудбалска асоцијација, исто така, најави дека ќе испрати формално писмо со кое ќе ја извести ФИФА за својата одлука.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarymduda4s808vv94HqVMM

Нови тензии меѓу УЕФА и ФИФА: Се споменува бојкот на Светското клупско првенство

Спорт | пред 2 седмици

media-libraryq9rpuu0r9cad3l0v7LL

УЕФА бара одговорност од Инфантино по спорниот предлог на ФИФА

Спорт | пред 3 седмици

albanija

УЕФА ги казни Албанците за срамното скандирање: „Убиј го Србинот“

Вирално | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања