Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Новинарка праша кои се руските отстапки, Трамп одговори: „Ќе запрат со офанзивата“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-librarypvr94jt33di8egaVhr7

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија, со тоа што би ја прекинала својата офанзива, нуди „големи отстапки“ кон Украина, што според него претставува важен чекор напред во настојувањата за запирање на конфликтот.

— реклама —

Во разговор со новинарите во претседателскиот авион „Ер форс уан“, Трамп се осврна на критиките дека неговиот мировен план е наклонет кон Москва и дека Русија не прави никакви отстапки. Тој одговори дека запирањето на руските воени операции само по себе претставува значајна отстапка.

— реклама —

„Тие прават отстапки. Голема отстапка е тоа што би престанале да се борат и да освојуваат нови територии“, изјави Трамп, одговарајќи на прашање на новинарка за тоа кои конкретни отстапки ги нуди Русија.

Белата куќа вчера изрази силен оптимизам дека договорот е „многу близу“, по неколкудневни интензивни разговори во Европа и во земјите од Заливот, во кои учествуваа државниот секретар Марко Рубио, американскиот министер за копнена војска Даниел Дрискол и неколку високи претставници на администрацијата.

— реклама —

Трамп во вторникот го поздрави „огромниот напредок“ во ревидирањето на неговиот иницијален мировен план од 28 точки, кој беше жестоко критикуван како список на желби на Кремљ. Тој потврди дека му наложил на својот пратеник Стив Виткоф да отпатува во Москва на средба со Владимир Путин.

— реклама —

Русија првично го поддржа предложениот план, но засега не е познато дали ќе го прифати по измените направени согласно украинските и европските забелешки, кои, според дипломатски извори, се однесуваат на прашањата за територијалниот интегритет и безбедносните гаранции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 8 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 17 часа

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Дмитриев: Зеленски отсекогаш бил против Трамп и мировните иницијативи

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања