Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Новиот британски премиер ги намалува сметките за струја со укинување на ДДВ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library4io2aiba17ncbG9qraD

Новата британска влада, предводена од премиерот Енди Бернам, најави укинување на данокот на додадена вредност (ДДВ) на сметките за електрична енергија за домаќинствата, како дел од мерките за ублажување на растечките трошоци за живот.

— реклама —

Според соопштението од Даунинг стрит, мерката ќе почне да се применува од 1 октомври.

Владата соопшти дека трошоците за оваа мерка во тековната фискална година ќе бидат покриени со укинување на владиниот проект за дигитална идентификација, чија вредност изнесува 1,8 милијарди фунти.

— реклама —

Претходно, кабинетот на Бернам најави дека откажувањето на програмата за дигитална идентификација ќе биде еден од првите потези на новата влада.

— реклама —

Програмата предвидуваше сите вработени да поседуваат дигитален документ за идентификација, а беше замислена како дел од мерките за борба против нелегалната миграција. Сепак, меѓупартиска парламентарна комисија ја оцени како неуспешен проект.

Бернам порача дека сака брзо да преземе конкретни чекори за да покаже дека британската политика може повторно да функционира во интерес на граѓаните.

„Вестминстер предолго не работеше во интерес на луѓето, а семејствата се соочуваат со високи трошоци за живот. Тоа мора да се промени“, изјави британскиот премиер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhsd4j422rdm05gRemPR

Аларм во британското воено воздухопловство: непознати објекти поминувале покрај воени авиони

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryiab2fgsn71ic21PI55B

(Видео) Прескокнал заштитна ограда во британска зоолошка градина и влегол кај тигарот, кој го убил

Свет | пред 1 седмица

britanska-policija-2

Британец опседнат со Декстер изградил „соба за убивање“. Брутално убил девојка

Свет | пред 2 седмици

media-librarya3ddfqqcp9p56SYMzE5

Британскиот премиер Бурнам: Велика Британија треба да размисли и за враќање во ЕУ

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања