Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Новиот генерален секретар на НАТО Марк Руте: Испраќањето на севернокорејски трупи во Украина би го ескалирало конфликтот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
Screenshot-2024-10-21-122331

Ако Северна Кореја испрати војници во Украина да се борат за Русија, тоа значително ќе го ескалира конфликтот, изјави Марк Руте, генерален секретар на НАТО.

Руте, кој ја презеде функцијата во НАТО претходно овој месец, напиша на платформата Икс дека разговарал со јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јеол за блиското партнерство на алијансата со Сеул, фокусирајќи се на соработката во одбранбената индустрија и меѓусебната безбедност на евроатлантскиот и од индо-пацифичкиот регион, објави Ројтерс.

— реклама —

— реклама —

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека Северна Кореја се подготвува да испрати 10.000 војници за да им помогне на воените напори на Москва и дека некои севернокорејски офицери веќе се распоредени на украинска територија контролирана од руските сили.

— реклама —

Руте и Пентагон минатата недела објавија дека допрва треба да најдат докази за воено присуство на Северна Кореја на теренот во Украина.

Западот долго време ја обвинува Северна Кореја дека и испорачува оружје на Русија.

Русија и Северна Кореја негираат дека се вмешани во трансфер на оружје, а Кремљ исто така ги отфрли тврдењата на официјален Сеул дека Северна Кореја можеби испратила дел од својот воен персонал да и помогне на Русија во војната против Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library5i4ruv9sol4u4eLfQaZ

Руски дизел тргна кон Њујорк: Танкер со 40.000 тони гориво отплови по договор меѓу Путин и Трамп

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин најавува преговори за мир, но тврди дека украинските територии се руски

Свет | пред 1 ден

media-libraryb00pgimrkf76ftxV4e6

Русија и Украина разменија масовни напади по најавите за мировни преговори

Свет | пред 2 дена

kremlj-moskva

Кремљ: На Русија ѝ е потребен траен мир со Украина, а не привремено примирје

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања