Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Новиот Клинички центар ќе се гради кај „Борис Трајковски“, ќе биде подземно поврзан со болницата „8 Септември“, најави Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-librarypph65llmbrl9c4rqK3U

Владата останува на ставот новиот Клинички центар во Скопје да се гради на платото пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, потврди премиерот Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите.

— реклама —

Тој информираше дека земјиштето на предвидената локација е во приватна сопственост, поради што во тек се преговори со сопственикот за обезбедување услови за реализација на проектот.

— реклама —

„Дефинитивно остануваме на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот ‘Борис Трајковски’. Тоа е земјиште кое е во приватна сопственост. Преговараме со приватниот сопственик и сакаме тука да го направиме сето тоа, да може со подземен тунел да се поврзе со актуелната болница ‘8 Септември’. Тука ни е ПЕТ-центарот и поликлиниката ‘Букурешт’ и тоа ќе биде еден целосен заокружен комплекс“, изјави Мицкоски.

media-library5vor61aofou48UBGxe9

Премиерот посочи дека Владата разговара за можноста да се реализира размена на земјиште.

— реклама —

„Со сопственикот на таа приватна парцела преговараме да се направи замена ‘земја за земја’ и да се види до каде ќе стигнеме. Засега сум задоволен од тоа како течат преговорите“, рече тој.

Покрај проектот за нов Клинички центар во Скопје, Мицкоски најави продолжување на активностите за изградба на Клиничката болница во Штип, заедно со медицински факултет и студентски дом, како и на Клиничката болница во Тетово и Здравствениот дом со проширена дејност во Кичево.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library29cq8do4pjak0GANtRt

Мицкоски ги повика жителите на Брвеница да гласаат за Стојанче Радичевски

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-library2352l8gcech06R73Pe3

Мицкоски очекува победа во Брвеница

Македонија | пред 15 часа

media-libraryevu4a9mch0s69ZNLAIz

Мицкоски: ДЗС ги објави конечните бројки: растот на БДП е во нагорна линија од 3,8%, тоа е повторно лоша вест за опозицијата

Македонија | пред 15 часа

media-librarye75h4p09er0453a8Mi4

Мицкоски: Центрите за податоци и вештачката интелигенција се иднината, нема да дозволам Македонија да заостанува

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања