Уште едно пукање имало во трговскиот центар „Ист гејт“, а мета бил Раде Трајковски Штекли, дознава „Скопје1“. Овојпат, неофицијално, тој бил ранет. Ова е вторпат во два месеци тој да биде мета. Во кој дел од трговскиот центар се случило пукањето – не се знае.
Раде Трајковски-Штекли, неофицијално се поврзуваше и со истрагата за убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев. Тој беше екстрадиран по апсење во Србија и одлежа 6-месечна затворска казна во Шутка за друго дело. По првичните сомнежи, во истрагата за убиството не беа најдени докази за Трајковски и тој не беше обвинет.
Штекли беше уапсен во Атина (Грција) во 2011-та како осомничен во Италија за местење на фудбалски натпревари. Трајковски тогаш беше екстрадиран во Италија каде имаше и судење за големиот случај со наместени натпревари во италијанскиот фудбал.
„Скопје1“ побара детали од МВР, од каде очекуваме одговор.
Детали за пукањето во „Ист гејт“: Ранетиот Штекли сам возел кон болница, надзорните камери ги даваат одговорите за пукачите
Полицијата пристигнала на увид во трговскиот центар „Ист гејт“, каде имаше пукање, а ранет беше Раде Трајковски Штекли. Според извори на „Скопје1“, Штекли сам со свој автомобил се упатил во болница. Типот на повредата засега не се знае.Истовремено, улицата пред „Ист гејт“ е блокирана, а не се знае дали лицата кои со пиштол влегле во трговскиот центар се уапсени. „Скопје1“ дознава дека се проверуваат сите снимки од надзорните камери, преку кои се утврдуваат учесниците во пукањето.Ова е вторпат, в
Скопје | пред 2 години
МВР за пукањето во „Ист гејт“: Две лица се ранети
Министерството со првични информации за пукањето во трговскиот центар „Ист Гејт мол“. Едното лице е потешко повредено и се подготвува за операција. Според извори на „Скопје1“ тоа е Раде Трајковски Штекли. Другото лице е полесно повредено.„Денеска (24.10) од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош. Полициски екипи се упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот“,
Скопје | пред 2 години