Промени тема
Контакт

Ново заострување меѓу Брисел и Вашингтон по забраната за влез на европски државјани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
ursula-1

Европската унија ќе ја штити слободата на говор и правото на изразување, порачаа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, откако Соединетите Американски Држави воведоа забрана за влез за пет европски државјани, меѓу кои и поранешниот еврокомесар Тиери Бретон.

Забраната беше воведена од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, која ги обвини засегнатите европски граѓани за ограничување на слободата на говор и за, како што наведуваат, прекумерна регулација на американските технолошки гиганти. Реагирајќи на одлуката, Урсула фон дер Лајен на социјалните мрежи порача дека слободата на говор е темел на силната и жива европска демократија и дека Европската унија е горда на тие вредности и ќе продолжи да ги брани.

— реклама —

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта ја оцени одлуката на Вашингтон како неприфатлива меѓу сојузници, партнери и пријатели. Тој нагласи дека Европската унија цврсто стои зад одбраната на слободата на изразување, правичните дигитални правила и сопствениот регулаторен суверенитет, додавајќи дека ваквите потези само го продлабочуваат недоразбирањето меѓу двете страни.

— реклама —

Забраната за влез се очекува дополнително да ги влоши односите меѓу САД и дел од европските престолнини, особено околу чувствителни прашања како слободата на говор, одбраната, миграцијата, односот кон крајната десница, трговијата и војната меѓу Русија и Украина.

— реклама —

Одлуката доаѓа неколку недели по објавувањето на американската стратегија за национална безбедност, во која се наведува дека Европа се соочува со, како што е формулирано, „цивилизациско бришење“ и дека мора да го промени правецот доколку сака да остане сигурен сојузник на САД. Потегот на администрацијата на Трамп беше осуден и од францускиот претседател Емануел Макрон, како и од германското Министерство за правда, кои предупредија дека ваквите мерки го нарушуваат духот на сојузништво и демократските принципи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1j2gdtm4kr09feazw0p

Крај на американската воена мисија во Ирак: По повеќе од една деценија, војниците се повлекоа

Свет | пред 22 часа

— реклама —
media-library4p18jn9maob39SFldnK

САД воведоа нови санкции против мрежа поврзана со набавка на оружје за Иран

Свет | пред 1 ден

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

„Атлантик“: Вашингтон размислува за поблаги санкции кон Москва во замена за затвореници

Свет | пред 1 ден

media-libraryq49lfro4nh9s1lClGDt

САД со нови забрани за увоз од Канада, најмногу погоден извозот на алкохол

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања