Промени тема
Контакт

Новороденче пронајдено мртво во дом во Англија, полицијата уапси седум лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

Седум лица се уапсени во Шефилд, Англија, под сомнение за убиство на новородено девојче, откако полицијата рано наутро интервенирала во станбен објект во населбата Винкобанк.

— реклама —

Полицијата на Јужен Јоркшир нешто пред 6 часот добила пријава за загрозено дете и веднаш упатила полициски и итни медицински екипи на адресата на улицата „Холивел Хајтс“. Во објектот било пронајдено новороденчето, но и покрај обидите за помош, девојчето било прогласено за починато на местото на настанот.

— реклама —

Главната инспекторка Ема Најт изјавила дека полицијата е свесна оти случајот ќе ја вознемири локалната јавност.

„Нашиот тим истражители и полицајци посветено работи на случајот и целосно е насочен кон обезбедување правда за девојчето“, изјавила Најт.

— реклама —

Во рамките на истрагата се уапсени седум лица, кои се сомничат за убиство. Сите се задржани во полициски притвор, а истражителите сè уште ја утврдуваат точната возраст на дел од нив.

Полицијата апелира до јавноста да не шпекулира за околностите под кои починало новороденчето, нагласувајќи дека истрагата е во рана фаза.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

Трагедија во Англија: пронајдено тело на тригодишно момче по неколкучасовна потрага

Свет | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryr08d1ofls4248G8ipwP

Британец призна дека повеќе од 20 години ја дрогирал и силувал сопругата

Свет | пред 3 седмици

pijan

Слеп и пијан маж возел 240 километри по автопат без дозвола во Англија – доби условна затворска казна

Свет | пред 1 месец

media-libraryannfg2m40kim0CTGfr8

(Видео) Преживеала мозочен удар, па на 97 години постави нов светски рекорд во стоење на крилото на авион за време на лет

Вирално | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања