Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Новозеланѓанец проголта привезок од 20.000 долари – полицијата го врати „природен пат“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library0ouf3nnh2cc24ZYL5EK

Новозеландската полиција објави дека го пронашла дијамантскиот привезок вреден речиси 20.000 долари, кој 32-годишен маж го проголтал во обид да го украде. Скапоценото „Фаберже“ јајце било „извадено“ на природен пат, без потреба од медицинска интервенција, пренесува BBC.

Инцидентот се случил пред околу една недела во накитницата Partridge Jewellers во центарот на Окленд. Полицијата го уапсила осомничениот само неколку минути откако, како што се сомнева, го проголтал привезокот за да го сокрие.

Украденото парче накит – проценето на 33.585 новозеландски долари – е украсено со 60 бели дијаманти и 15 сини сафири. Според описот на накитницата, минијатурното јајце, именувано „Octopussy“ по култниот филм за Џејмс Бонд, се отвора и открива малечка хоботница изработена од 18-каратно злато.

— реклама —

По апсењето, мажот бил под постојан лекарски и полициски надзор.

— реклама —

„Како лице во притвор, имаме обврска да го следиме неговиот здравствен статус, со оглед на тоа што се случи“, соопшти полицијата.

Осомничениот ќе се појави пред суд на 8 декември. Освен за кражбата на привезокот, тој се товари и за кражба на iPad од истата накитница на 12 ноември, како и за кражба на песок за мачки и средства против болви од приватен дом ден подоцна.

— реклама —

Од Partridge Jewellers велат дека привезокот ќе биде вратен кај производителот – легендарната куќа Fabergé, која постои повеќе од два века и е позната по изработката на луксузни „Фаберже“ јајца од благородни метали и скапоцени камења.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Земјотрес од 5,9 степени го потресе Нов Зеланд

Свет | пред 1 седмица

media-libraryqcp37k1hn1m53rpPtGe

(Видео) Катастрофа на Нов Зеланд: Поплави и свлечишта оставија илјадници без електрична енергија

Свет | пред 4 седмици

media-libraryekog3hqjnu9ibtwdV6X

Хаос на Нов Зеланд: Пожар го затвори аеродромот во Велингтон

Свет | пред 1 месец

media-librarynefc8uotucgmdFeWFQO

(Видео) Силна бура го погоди Нов Зеланд: прогласена вонредна состојба, откажани летови и траекти

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања