Промени тема
Контакт

Обилните врнежи направија големи проблеми: Одрони, поплавени подруми и засилени интервенции на терен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
54a8ff4e-c248-4646-bfb8-58acb0765237-odron-718x446-1
Илустрација

Обилните врнежи во изминатото деноноќие предизвикаа повеќе интервенции низ државата, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што информираат од ЦУК, екипите на регионалните центри биле активни на повеќе критични локации, каде се работело на расчистување, обезбедување терен и следење на водотеците.

— реклама —

Од ЦУК објаснуваат дека на подрачјето на Битола биле ангажирани јавните претпријатија и водостопанските компании, кои со механизација ги отстранувале наносите и ги зајакнувале насипите на повеќе делови од речните корита. Поради ерозијата на коловозот кон Пелистер и кај село Цапари, бил предложен привремен прекин на сообраќајот на стариот пат Р-106 и негово пренасочување по трасата А-3.

— реклама —

Во Охрид и Кичево водостоите се зголемени, но без излевања, велат од ЦУК. Најризична точка била кичевската улица Прилепска, каде било побарано општинско интервенирање. Во Охрид, пак, екипите реагирале по пријава за поплавени подруми во населбата Железничка — проблем предизвикан од диво ископани канали кои го пренасочиле текот на водата.

Според информациите на ЦУК, во Кумановско реката Пчиња накратко излегла од коритото кај Пелинце – Стрновац, но без евидентирана штета. Во тек е расчистување на мостовите во Коинце и Пелинце од дрвја и отпад, а засега не е утврдена опасност по нивната стабилност.

— реклама —

На регионалниот пат Македонски Брод – Скопје, преку НП „Јасен“, голем одрон го блокирал сообраќајот. Како што информираат од ЦУК, трасата е расчистена по една лента, а екипите продолжуваат со обезбедување на патниот правец.

Од Центарот наведуваат дека сите регионални тимови остануваат на терен и дека состојбата се следи континуирано, со подготвеност за брза реакција во случај на нови промени во водостоите или дополнителни активирања на земјиштето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 5 дена

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 6 дена

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Четири активни пожари во Македонија, два се под контрола

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања