Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Обилните врнежи предизвикаа поплави и евакуации во повеќе региони низ Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library3hnubop6vppq7VaXwuC

Обилните врнежи од дожд што ја зафатија територијата на Република Северна Македонија во изминатите денови предизвикаа поплави, излевања на реки, оштетување на патна инфраструктура и евакуација на население во повеќе региони, информира Центарот за управување со кризи, според состојбата до 9 часот утринава.

Во Демир Хисар, поради оштетување на мост на Боишка Река, затворен е локалниот пат кон селото Мренога. Пријавени се излевања на реката кај селото Обедник и на потегот меѓу селата Обедник и Смилево, додека ЈП „Комуналец“ интервенира со проширување на речното корито во населбата Мургашево. Состојбата ја следат Регионалниот центар за управување со кризи и локалната самоуправа.

— реклама —

Во Ресен поплавени се земјоделски површини, дворови, куќи и магацински простории, а нивото на Голема Река е значително зголемено. Јавните претпријатија и општинските служби интервенираат со пумпи и градежна механизација, додека Територијалната противпожарна единица учествува во испумпување на вода од подрумски простории.

Во Крушево водата за пиење е заматена и надлежните препорачуваат задолжително превривање пред употреба. Реката Црна има покачено, но стабилно ниво, а ЈП „Комуна“ работи на зајакнување на насипите. Паралелно се следи и состојбата на Крушевска Река во координација со Општина Кривогаштани.

— реклама —

Во општина Долнени, во селото Лажани пријавена е штета на двор и приземни простории од куќа, додека во селото Пешталево има поплави поради неисчистени одводни канали. На двете локации интервенирано е со градежна механизација.

Во охридскиот регион реката Сушица се излеала на повеќе места, при што се поплавени дворови и подруми. Кризниот штаб и ЈП „Охридски Комуналец“ интервенираат со насипување, проширување на коритото и механизација. Кај селото Вапила, реката Далјан го оштетува патот под мостот, каде исто така се преземаат заштитни мерки, а евидентирано е и свлечиште на потегот Лескоец – Скребатно.

Во Струга пријавени се поплавени дворови и куќи во населбата Мислешевски пат, како и во селата Мислешево и Калишта. Територијалната противпожарна единица интервенира со пумпи за испумпување на водата, а ангажирана е и градежна механизација. За состојбата е известена Општина Струга.

— реклама —

Во Дебар реката Радика има зголемено, но стабилно ниво, а сите патни правци засега се проодни. Надлежните служби расчистуваат помали одрони на неколку локации.

Во Кичево реките Зајашка и Треска имаат покачени водостои, но се под нивото на излевање. Како критична точка е посочена улицата Прилепска, каде се врши расчистување на каналите и коритото на Зајашка Река со тешка механизација. Поради ризик од поплави, околу 150 лица се евакуирани и сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде се згрижени од страна на Општината и Црвениот крст.

— реклама —

На патниот правец Тумчевиште – Чегране има вода на коловозот и истиот е оценет како небезбеден за сообраќај, поради што се известени полициските станици во Гостивар и Чегране, како и Општина Гостивар.

Во останатите региони во државата состојбата засега е стабилна, со зголемени водостои на реките, но без пријавени излевања или сериозни нарушувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 1 месец

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања