Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Обвинителката Раичевиќ предупредува на можен судир на интереси кај кандидатурата на Ристоска за државен јавен обвинител

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library5gs7pm727rgbdICujdt

Во „Топ Тема“ на Телма, обвинителката Лидија Раичевиќ ја критикуваше кандидатурата на Ленче Ристоска за државен јавен обвинител, наведувајќи дилеми за нејзината објективност поради водење сензитивен предмет поврзан со имот и ВМРО и професионален однос со партија што треба да ја избира. Раичевиќ посочи дека и приватна тужба може да влијае на перцепцијата за непристрасност, нагласувајќи дека обвинителите мора да постапуваат според ЕУ стандарди и да имаат јасен институционален однос. Заклучи дека постои ризик од судир на интереси.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Во дебатата во „Топ Тема“ на Телма, обвинителката Лидија Раичевиќ изнесе сериозни забелешки во однос на кандидатурата на нејзината колешка Ленче Ристоска за државен јавен обвинител, оценувајќи дека постојат дилеми околу нејзината објективност.

„Сметам дека оваа кандидатура на колешката навистина нема објективен карактер по објективни критериуми. Колешката води еден сензитивен предмет за имотот и за ВМРО воопшто и има изградено професионален однос со партијата која треба да ја бира. Според менее во релација на професионален однос, кога вие имате однос со партија, се прашувам што ќе беше ако Ленче Ристоска се избере за јавен обвинител . Дали тогаш нема да се актуелизира прашањето дека таа го води тој предмет?“, праша Раичевиќ.

— реклама —

Дополнително, таа го спомена и прашањето за приватна тужба, оценувајќи дека тоа може да влијае врз перцепцијата за непристрасност.

— реклама —

 „Како може да се очекува објективен став и однос на еден кандидат кога тој својот професионален однос го персонализира низ конкретна приватна тужба?“, рече Раичевиќ, алудирајќи на Ристоска.

— реклама —

 Според неа, обвинителите мора да имаат јасно изграден однос кон институцијата и да постапуваат во согласност со европските стандарди.

 „Сите кои работат во обвинителството мора да имаат изграден однос кон институцијата. Прифаќајќи ги ЕУ вредностите, државата ги повлекува своите интереси и му доверува на обвинителот да ги заштитува правата на граѓаните. Неговиот однос треба да биде сензитивен и профилиран“, истакна Раичевиќ.

 Таа заклучи дека во конкретниот случај постои ризик од судир на интереси.

 „Според мене има судир на интереси во извршувањето на оваа функција“, изјави Раичевиќ, осврнувајќи се на кандидатурата на Ристоска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryotb16cm27li14teVFPA

Усвоена оставката на Ленче Ристоска во ОЈО Скопје

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryq2483tjvuqs5eS2XUNk

Професорот Прешова за оставката на Ристоска: Ова е пораз на системот, ваква одлука е изнудена

Коментари | пред 2 седмици

media-library24unaho4uq2vagKdgFZ

ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска е навикната на подобноста од времето на СЈО, мора да знае дека ова се други времиња и потребни се лица со интегритет

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-01-at-12.06.16

СДСМ: Мицкоски сам одлучува дека Ленче Ристовска „не е во игра“, во живо, на телевизија

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања