Промени тема
Контакт

Обвинителот Коцевски соопшти детали за новите приведени во акцијата поврзана со случајот „Пулс“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library03rcveni3uvv2kdWlan

Обвинителството отвори нов сегмент од истрагата поврзана со трагедијата во кочанската дискотека, а фокусот овој пат е насочен кон вработени во Управата за јавни приходи. Како што потврди денеска главниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, вчера и денес се спроведуваат интензивни активности, вклучувајќи приведувања и претреси на лица опфатени со кривичната пријава.

– „Јавноста беше запознаена дека се водеше предистражна постапка за лица вработени во Управата за јавни приходи. Денеска се приведени околу десетина лица и во моментов се вршат претреси на лицата опфатени со кривичната пријава. Во овој момент можам да кажам само дека се работи за вработени во УЈП, а за кривични дела допрва ќе видиме. Првичните сознанија се дека се работи за кривичните дела – злоупотреба на службена положба и овластување, како и примање и давање мито“, рече Коцевски.

— реклама —

Обвинителот додаде дека во акцијата се користат и електронски комуникации како доказен материјал:

– „Дел од тие комуникации што беа презентирани во јавноста, дел се опфатени. Меѓутоа дадена е изјава Обвинителството дека дел од тие електронски пораки се дадени во Судот. Меѓутоа, тоа беше само дел за тој предмет, а се поврзани и со овие лица. Ова е постапка во врска со предметот за Кочани“, истакна тој.

— реклама —

Во моментов, како што нагласи Коцевски, не може да се откријат имињата на приведените.

– „Јавноста ќе биде запознаена откако ќе се земат генералиите, а за мерките што ќе бидат предложени против приведените ќе биде донесена одлука откако ќе бидат земени изјавите од приведените“, додаде тој.

Истрагата формално се води во Обвинителството во Кочани, бидејќи таму е извршено евентуалното кривично дело.

— реклама —

– „Доколку излезе нешто ново, можеби тоа да биде преземено од Обвинителството за организиран криминал. Засега надлежно е Обвинителството во Кочани“, изјави Коцевски.

Тој појасни дека овој предмет не може да се спои со истрагата за пожарот во дискотеката, бидејќи се работи за различни кривични дела:

– „Се работи за кривични дела за злоупотреба на службена должност и овластување и земање и давање поткуп, односно што нема поврзаност на штетната последица. Се работи за кривични дела што немаат врска со предметот што е во тек за кривичниот настан во дискотеката во Кочани“, рече главниот јавен обвинител.

Со ова, истрагата за трагичниот настан добива нова димензија и дополнителни институционални слоеви кои ќе се проверуваат во наредниот период.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybmmdch82j7db1xLBHHk

УЈП предупредува: Не отворајте линкови од лажни СМС-пораки

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
canmathshelp

Граѓаните за шест месеци „оставиле“ 1,6 милијарди евра во казина, обложувалници и слот-машини, велат од УЈП

Македонија | пред 1 седмица

danok

Над 221 милион евра даночен долг кон државата – три скопски фирми на врвот на листата на УЈП

Македонија | пред 1 месец

media-librarybcofi2gtj6gh0XUflvd

Нова ера за фактурирањето: УЈП го презентираше системот е-Фактура пред банките

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања