„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Обвинителството бара Јахоски да депонира 72.000.000 денари, па да го пуштат да се брани од слобода - гаранцијата не им е доволна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-03-11-at-10.00.38

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави мислење во однос на Предлогот за укинување на мерка притвор со предлог гаранција, поднесен од осомничен за сторено кривично дело – „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

— реклама —

„Во мислењето, јавниот обвинител истакна дека предлогот на осомничениот за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерка гаранција во недвижен имот со проценета вредност од 60 672 235 денари, може да биде основан само ако осомничениот, во исто време, на посебна сметка на судот, дополнително да депонира и износ од 72 000 000 денари. Во конкретниот предмет, според доказите со кои располага обвинителството, износот од 72 000 000 денари одговара на вкупниот износ на противправно стекнатата имотна корист за овој осомничен од кој во понатамошна постапка би можело да се наплати евентуалното оштетно побарување од него.

Исто така, јавниот обвинител побара од судот на осомничениот да му бидат определени и мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, обврска повремено да се јавува на определено службено лице или надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница односно забрана за нејзино издавање

— реклама —

Притоа, обвинителот ги имаше предвид и списите во предметот, како и фактот дека обвинителството во меѓувреме обезбеди поголем дел од материјалните и вербалните докази, со што значително е намален ризикот дека тој би можел да ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело или дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание на сведоци.

Согласно даденото мислење, само со определување на сите погоре наведени мерки обвинителството ќе смета дека се исполнети условите за укинување на претходно изречената мерка притвор“, велат од Обвинителството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-06-01-at-22.17.53

Јахоски добил времен пасош за да оди на матура кај син му во Истанбул, милоните биле гаранција дека ќе се врати

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-01-at-22.17.53

Обвинителите се согласиле, а судиите му дале времен пасош на газдата на „Пуцко петрол“, му важи шест месеци

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-01-at-22.10.15

Газдата на „Пуцко петрол“, Јахоски е вратен во Македонија, по прославата на Босфор

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-01-at-22.17.53

(Фото) До пред месец во притвор, сега на Босфор: Јахоски добил времен пасош од судот, бил на прослава во Истанбул

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања