Основното јавно обвинителство – Скопје предложило замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби, оценувајќи дека не постои опасност од влијание врз постапката ниту ризик од бегство.
Одлуката следува откако Груби денеска доброволно се пријави на граничниот премин „Блаце“, по една година откако ја напушти Македонија. По неговото приведување, тој помина три часа во притворска ќелија, по што беше спроведен во Обвинителството на увид во доказниот материјал.
Обвинителството соопшти дека предложило куќен притвор и одземање на патната исправа, мерка која е доволна за обезбедување присуство, имајќи предвид дека во најголем дел доказите се веќе обезбедени, дека осомничениот доброволно се пријавил и дека постојат индиции оти во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност.
„Индициите се поткрепени со известувања од надлежните органи. Тие се однесуваат и на загрозената безбедност на членовите на неговото семејство“, наведуваат од Обвинителството.
Ова доаѓа и покрај изјавата на директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, Бобан Уткоски, кој претходно изјави дека безбедноста во установата е загарантирана.
Груби денеска вршел увид во списите на предметот, но поради обемноста на доказниот материјал, увидот ќе продолжи и во наредните денови, по што ќе му биде овозможено да ја даде својата одбрана.
Истрагата против него се однесува на сомнежи дека како раководител на владина седница го одобрил барањето на Државната лотарија за јавна набавка на ВЛТ-терминали, иако институцијата немала законско право самостојно да организира игри на среќа. Вечерва, како што веќе објавивме, судот му одреди куќен притвор.
Артан Груби доби куќен притвор
Поранешниот вицепремиер Артан Груби доби мерка куќен притвор, откако одбраната побара ваква мерка, а Обвинителството се согласи со предлогот, дознава „Скопје1“.Според неофицијални информации, одбраната образложила дека Груби ќе биде достапен за органите на прогонот, имајќи предвид дека сам се вратил во државата, како и дека не постои опасност од влијание врз постапката, бидејќи истрагата е завршена.Судијата на претходна постапка, како што тврдат извори од скопското Обвинителство, добил позитивен
Македонија | пред 4 месеци