Обвинителството со детали за апсењето на директорот на Комунална хигиена, познато е за кое дело го сомничат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-librarymmabq3v150mj0Q0lZiu

Директорот на Јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“, Сабахадин Рустеми, е приведен утрово по наредба на Основното јавно обвинителство Скопје.

— реклама —

„По наредба на Основното јавно обвинителство Скопје, полициски службеници преземаат дејствија за обезбедување докази. Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП ‘Комунална хигиена’ – Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.

— реклама —

Загрозување на животната средина и природата со отпад:

— реклама —

Член 230

(1) Тој што со оставање, фрлање, собирање, со непрописно транспортирање на една или повеќе поврзани пратки, со преработка или отстранување на отпадот, со создавање на депонии спротивно на прописите за заштита на животната средина, пропуштање на вршење надзор над собирањето, со транспортот и преработката, со непрописно управување со отпадот, или на друг начин ќе предизвика или може да предизвика значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот или водата или опасност за животот или здравјето на луѓето или уништување на растителен или животински свет во поголеми размери, или на ретки видови на растенија или животни, ќе се казни со затвор од една до десет години.

(2) Ако делото од ставот (1) на овој член е сторено со опасен отпад што содржи супстанции кои имаат својство на експлозивност, реактивност, запаливост, надразливост, токсичност, инфективност, канцерогеност, мутагеност, тератогеност, екотоксичност или својство на испуштање отровни гасови преку хемиска реакција и биолошко разложување, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку четири години.

(3) Ако делото од ставот (1) на овој член е сторено од небрежност, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до три години, а во случајот од ставот (2) на овој член сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години.

(4) Тој што неовластено тргува со отпад, ќе се казни со затвор од една до пет години.

(5) Ако делото е сторено од организирана група составена од три или повеќе лица сторителот ќе се казни за делото од ставовите (1) и (4) на овој член со затвор најмалку четири години, а делото за ставот (2) на овој член најмалку осум години.

(6) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.

Според првичните информации, станува збор за сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување, а акцијата се спроведува под надзор на јавен обвинител. Од МВР и Обвинителството засега не ги откриваат деталите, но најавуваат дека јавноста ќе биде информирана откако ќе заврши обезбедувањето на доказите.

Рустеми во изминатиот период беше во фокусот на јавноста поради состојбите во претпријатието и конфликтите со Управниот одбор, кој обвинуваше дека работата е блокирана и нефункционална, а претпријатието се соочува со намален капацитет за собирање отпад и хаос во координацијата со Градот Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynf9pj8ufjbb8cBNTWAK

Притворениот директор на „Комунална хигиена“ поднесе оставка за време на распитот во Кривичниот суд

Скопје | пред 3 месеци

media-librarynf9pj8ufjbb8cBNTWAK

(Фото) Директорот на „Комунална хигиена“ Рустеми и раководителот Саити со лисици спроведени во Кривичниот суд, обвинителството бара притвор

Скопје | пред 3 месеци

media-librarymmabq3v150mj0Q0lZiu

Истрага против директорот Рустеми и раководителот Саити за загрозување на животната средина со отпадот во Скопје

Скопје | пред 3 месеци

media-librarydm330gh82fa22tey3aN

Директорот на „Комунална хигиена“ од вчера е во полициска станица, дали ќе се бара притвор зависи од пријавата од МВР

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања