Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Обвинувања за притисоци врз судии во периодот на владеење на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
20072021_PVRSM_Zaev_MZ_Filipce_Klinika-za-ortopedija_4

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, обвини дека во периодот на владеење на Зоран Заев и СДС, судството било ставено под политичка контрола, а институциите функционирале, како што рече, по насока на извршната власт.

„Во времето на Зоран Заев и СДС, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа“, изјави Манасиевски.

— реклама —

Тој тврди дека судиите и обвинителите не се избирале врз основа на закон и интегритет, туку според, како што рече, послушност кон тогашната власт. Според него, доколку некој покажел непослушност, следувало разрешување.

— реклама —

Манасиевски наведе дека судските случаи се воделе како политички пресметки, а не како борба за правда, посочувајќи дека членови на ВМРО-ДПМНЕ биле предмет на, како што оцени, политички прогон.

Како пример го посочи случајот со набавката на службеното возило „мерцедес“, во кој беше осудена поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Според Манасиевски, поранешен врховен судија јавно укажал дека таа немала сторено кривично дело и дека поради одбивање да постапи по политичка директива бил разрешен.

— реклама —

„Тоа е вистинското лице на Зоран Заев и на СДС. Ветуваа вистина и правда, а испорачаа селективност, криминал и корупција“, рече Манасиевски.

— реклама —

Тој повика Јавното обвинителство да ги испита сите наводи и, како што рече, да не дозволи сомнежите за политичко влијание врз правосудството да останат без одговор.

media-library0f1861ola06bfUhVzcq

(Видео) Врховен судија сведочи дека бил разрешен откако одбил да го потврди затворот за Јанкуловска за „мерцедесот“

Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд, а денес адвокат, за првпат во емисијата „Претрес со Ландов“ јавно проговори за причините за неговото разрешување во 2020 година од страна на Судскиот совет.Катевеновски посочи дека формално бил разрешен во контекст на случајот „Кочан“, но тврди дека вистинската причина била неговиот став во врска со предметот за набавката на службеното возило „мерцедес“, во кој поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска беше осудена на зат

Македонија | пред 8 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytcok375qvm2n4tYS7hs

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес ја критикува Алта банка, а молчел кога влегувала во Македонија

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија има највисок раст на БДП во регионот и најниска инфлација

Македонија | пред 1 ден

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за „Алта банка“: Бара истрага за кредитот од пет милиони евра

Македонија | пред 2 дена

media-libraryg6bmk11cjik2ciono5q

ИК на ВМРО-ДПМНЕ одлучи за теренски активности, разговарано и за Алта банка и средбата со ВРЕДИ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања