Промени тема
Контакт

Од 1 февруари стартува „Безбеден град“: ова се четирите прекршоци кои ќе се казнуваат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-librarypeve7cqoqul55gXGKJd

Од 1 февруари официјално започнува примената на системот „Безбеден град“, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци влегува во полна функција. Во првата фаза, санкции ќе се изрекуваат за четири видови прекршоци, утврдени преку технички средства и уреди за снимање.

— реклама —

Станува збор за прекршоците: пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло, истечена важност на регистрацијата, како и непрописно запирање и паркирање. Овие прекршоци ќе се детектираат автоматски, без директен контакт со полициски службеник на лице место.

— реклама —
— реклама —

По целосното пуштање во употреба на системот, сопствениците на возилата кај кои ќе биде утврден прекршок ќе добиваат СМС-порака и електронска пошта со линк за преземање на записник со платен налог. Плаќањето ќе може да се изврши електронски, а при навремена уплата нема да се пресметуваат дополнителни трошоци.

— реклама —

Надлежните институции очекуваат со воведувањето на „Безбеден град“ да се зголеми безбедноста во сообраќајот, да се намали бројот на сообраќајни несреќи и да се зајакне генералната превенција, преку побрзо, поефикасно и транспарентно санкционирање на прекршителите. Во следната фаза е најавено проширување на листата на прекршоци кои ќе бидат опфатени со системот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys3mslbj8n2bn6k1tHJM

„Безбеден град“ почна да снима прекршоци и во Велес

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarym30rofrhld2220GP5jD

(Фото) Ниту моторџиите не се „невидливи“ за камерите: „Безбеден град“ почна да ги казнува и моторите, ги лови задните таблици

Македонија | пред 1 месец

media-library2hjl356e3oicfajUMMW

И втор странец уапсен на Табановце: возел со двојно поголема брзина, фатен е на „Сејф сити“

Македонија | пред 1 месец

media-library7spobjbn0bhlf1UKtSF

„Почитувам правила, зошто да чекам пет часа?“: Наплатата на казните на Табановце предизвика бурни реакции

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања