Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Од 1,8 на 1,2 милиони до 2070: Сиљановска-Давкова предупредува на демографски колапс

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
siljanovska-davkova-1-1

1,8 милиони денес, 1,2 милиони во 2070 година – загуба од 33 отсто од населението. Со овие алармантни бројки претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Светскиот самит на владите во Дубаи, каде што беше главен говорник на сесија посветена на демографските промени.

— реклама —

Таа посочи дека Македонија, заедно со поширокиот регион, се соочува со троен демографски притисок: ниска стапка на наталитет, висока емиграција и забрзано стареење на населението. Според проекциите што ги презентираше, доколку трендовите продолжат, земјата во следните децении би можела да изгуби речиси една третина од сегашното население.

Оваа демографска тријада, нагласи Сиљановска-Давкова, директно го намалува бројот на работоспособни граѓани и истовремено го зголемува товарот врз здравствениот, социјалниот и пензискиот систем. Таквиот притисок, како што истакна, е особено тежок за мала и отворена економија каква што е македонската.

— реклама —

Претседателката повика на длабоки институционални реформи, со посебен акцент на судството и јавната администрација, како и на забрзана дигитализација на јавните услуги, кои треба да ја зголемат ефикасноста и довербата во институциите.

— реклама —

Во своето обраќање таа ја потенцираше и улогата на младите, нагласувајќи дека тие мора да ја добијат заслужената позиција како двигатели на дигиталната и економската трансформација, но и како активни учесници во креирањето на јавните политики.

Особено место во говорот ѝ беше дадено и на дијаспората, која, според Сиљановска-Давкова, претставува значаен мотор на интелект, иновации и инвестиции и треба системски да биде вклучена во развојните процеси на државата.

— реклама —

На крајот, таа повика на изградба на демографски отпорно општество – општество во кое луѓето ќе имаат причини да останат, да живеат и да формираат семејства, нагласувајќи дека демографијата не е само статистика, туку прашање на иднината на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

siljanovska-filipce

Сиљановска-Давкова до Филипче: „Никогаш не сум паднала на испит“

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryaqhsemj5l5gr4cKUcuq

Сиљановска-Давкова за наводите за шпионажа: „Малку сум збунета од објавите на обвинителството“

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi9gev62ero448EwMmPz

(Фото) Додека јавноста чека одговори за шпионската афера, Сиљановска-Давкова објави дека уживала на опера со „Мадам Батерфлај“

Македонија | пред 1 месец

mickoski-i-siljanovska-1170x658-1

Мицкоски за аферата со шпионажа кај претседателката Сиљановска: „Тоа се шпионски талог и глодари од минатото“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања