Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Од 2017 до 2025: Драстичен пораст на неважечките гласачки ливчиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
IZBORI-GLASANJE2

Во последните осум години, бројот на неважечки гласачки ливчиња на локалните избори во Македонија бележи видлив пораст, при што последниот изборен циклус го потврди трендот на растечка изборна недисциплина или протестно гласање.

— реклама —

Во 2017 година, во првиот круг од локалните избори за градоначалници биле регистрирани 45.551 неважечки ливчиња. Четири години подоцна, на изборите во 2021 година, бројот на неважечки ливчиња за градоначалници се намалил на 19.127, но кај советничките листи бил забележан повисок број — 37.959 неважечки ливчиња.

— реклама —

На локалните избори одржани во неделата, бројките повторно пораснаа, достигнувајќи највисоко ниво досега. Според првичните податоци, кај изборите за градоначалници се евидентирани 53.724 неважечки ливчиња, додека кај советничките листи нивниот број се искачи на 50.143.

— реклама —

Овие податоци покажуваат дека, и покрај дигитализацијата на изборниот процес и построгите контроли при гласањето, значителен дел од гласачите и понатаму погрешно го пополнуваат ливчето или намерно го прават неважечко, што ја отвора дебатата за потребата од подобра едукација на избирачите и анализа на можните причини за ваквото однесување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Едно избирачко место на повторените локални избори воопшто не е отворено, во неколку се доцнело поради временските услови

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Започна повторното гласање за градоначалник во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања