Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Од паднатите дрвја од невремето на Водно ќе се изгради нов моторички парк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
media-library0q2q7jqvlu6iesyw6v2

Дел од дрвјата што беа соборени во неодамнешното силно невреме во Скопје нема да завршат како отпад, туку ќе бидат искористени за изградба на нов моторички парк на Водно, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Тој посочи дека, покрај санирањето на последиците од невремето, целта е од штетите да се создаде нова вредност за граѓаните. Здравите стебла од паднатите дрвја ќе бидат пренаменети во природни реквизити за моторички парк, кој ќе овозможи развој на рамнотежата, координацијата, агилноста, прецизноста и физичката подготвеност.

— реклама —

Новиот простор ќе биде наменет за деца, млади и возрасни, како место за рекреација, физичка активност и дружење во природа.

— реклама —

Ѓорѓиевски информираше дека на местата каде што паднале дрвјата веќе се засадуваат нови садници, а во втората половина на септември ќе започне и голема есенска акција за пошумување на градот.

Тој потсети дека претходно започнаа активности за уредување на патеките и обновување на урбаната опрема на Водно, а веќе функционира и Планинската спасителна служба на Водно и Матка, која е подготвена за интервенции во планински услови.

— реклама —

„Водно е срцето и зелените бели дробови на Скопје. Го чуваме, го обновуваме и го унапредуваме одговорно, со содржини што ќе им служат на сите генерации“, порача Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library27ch1q7ee3a95C3C5PL

Неверојатен подвиг на Водно: Жарко и Емилија 12 пати се качија на Водно во еден ден, совладаа поголема висинска разлика од Еверест

Магазин | пред 4 дена

— реклама —
zicnica-696x463

Ѓорѓиевски: Жичницата била небезбедна, три сензори биле надвор од функција

Скопје | пред 1 месец

media-library1bqucq550pc98incr2G

„Стоп за бетонизацијата на Водно“: Покрената петиција против ДУП-от за Барутана

Скопје | пред 1 месец

media-libraryiflk151ln5pveGgjnX1

(Видео) „Мизерија од народ сме“: Ѓубре насекаде, искршена клупа и целосно демолиран летниковец на Водно

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања