Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека води, како што наведуваат, „болна и лажна кампања“, реагирајќи на тврдењата дека генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ, се сретнал со српскиот политичар Бранко Ружиќ.

Од СДСМ тврдат дека таква средба не постои и дека Димитријевиќ во тој период бил на погреб на свој близок член од семејството.

— реклама —

„Единствената вистина е дека Саша Димитријевиќ беше на погребот на својот дедо. Никаков состанок не постои. Димитријевиќ јасно го демантираше целиот измислен скандал и изјави дека ниту се видел, ниту ги познава Ружиќ и Башановиќ“, велат од СДСМ.

Партијата оценува дека се работи за обид од, како што наведуваат, „пропагандни медиуми и политички структури“ да создадат афера од приватен и семеен момент.

— реклама —

„Од човечка тага и семеен момент тие прават нова ‘афера’. Ова е класичен пример на болна и безобразна кампања“, се додава во реакцијата.

Во соопштението СДСМ изнесува и сериозни обвинувања дека ваквите наративи се дел од поширока операција за дискредитација на опозицијата.

— реклама —

„Ова е дел од операцијата со приватни структури за следење и фабрикување афери. Кога ВМРО-ДПМНЕ останува без аргументи, единственото што им останува е да измислуваат лажни скандали, дури и од погреби“, наведуваат од партијата.

Од СДСМ порачуваат дека, и покрај ваквите напади, ќе продолжат со политичкото дејствување.

— реклама —

„СДСМ продолжува да работи за граѓаните. Вистината секогаш излегува на површина“, стои во соопштението.

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

ВМРО-ДПМНЕ: Димитријевиќ се сретнал со Ружиќ – СДС работи со српската опозиција

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Социјалдемократскиот сојуз, предводен од Венко Филипче, сѐ повеќе се оддалечува од интересите на граѓаните и членството, ставајќи се, како што велат, во функција на странски политички агенди.Од партијата тврдат дека генералниот секретар на СДСM, Александар Саша Димитријевиќ, остварил средба со српскиот опозициски политичар Бранко Ружиќ, поранешен министер за образование, кој, според нив, дошол во Скопје со цел да воспостави соработка и евентуален заеднички опозициски фро

Македонија | пред 6 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања