„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Од сам старт бев мета на физички пресметки и закани“, разрешениот директор на ЗОО кажа која е неговата вистина за коњите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
275621674_137643535446529_7872244370156414792_n

Разрешениот директор на Зоолошката градина-Скопје Кристијан Стаменов, во детали образлагаше за коњите кои биле изнемоштени и пред умирање, а за кои е обвинет дека ги убил. Тој е дециден дека е убиец на животни.

— реклама —

„Според важечка одлука на Управниот одбор на Зоолошката градина Скопје од koj последните 20год или откако постои оваа установа се врши таканаречено „економски искористување“ на животни кои во консултација со стручните лица од Зоолошката градина се во состојба пред умирање, болни, со видливи неизлечиви рани, инфекции и крајно изнемоштени животни кои не можат да бидат рехабилитирани. Наспроти сите јавни пишувања на поединци морам да истакна дека ова не е прв случај, вакви случаи во минатото се бројни лично сум учествувал како зоо негувател во ваква постапка и во времето на претходниот директор на Зоолошката градина. Крајно лицемерна е осудата која доаѓа кон мене токму од истите лица кои ова економско искористување го имаат и самите правено и тоа не само на коњи, туку и на останати животни, пример за тоа е жирафата која е дадена како храна за лавовите“, објаснува тој.

Тој додава:

— реклама —

За разлика од претходни години сега над животните кои не можат да се спасат или боледуваат се спроведува навистина хуман третман. Можеби во јавноста овие теми не се популарни, но предметите на јавни набавки за месо кои ги спроведуваат сите зоолошки градини во светот доаѓаат дури и од здрави животни. Во Хамбург, Љубљана, Загреб, Дрезден и многу други европски метрополи спроведуваат ваков вид на хуман третман на болни животни, кои се во опасност од умирање.

Сакам изрично да одговорам на сите напади - Никогаш ниту сум имал намера ниту сум помислил да мачам изнемоштувам или убивам животни. Како зоонегувател сум посветил над 12 години од мојот живот на само на заштита на животните.

Во претходниот период имавме добар пример, коњот кој го спасивме од Дебар маало беше животно во тешка состојба, но успеавме да го рехабилитираме да биде само дополнителна вредност на зоолошката градина, така сум постапувал со сите животни.

Од самиот почеток на моето назначување за в.д директор на зоолошката градина бев мета на разни напади, физички пресметки, закани, притисоци и опструкции за кои дел од нив бевте сведоци самите. Ова што се случи и фамата која се крена во јавноста ги оценувам како злоупотреба на постапката за хуман третман која ја спроведува со години истава институција, а вклучително и секој директор на истата. Ова е директен атак против мене и моето добро работење кое резултираше со досега невидени позитивни ефекти за оваа институција, ова е напад кој можеби е и дополнителен политички притисок за мое обезвреднување.

Морам да истакна дека запазени се сите законски процедури во оваа постапка која не е нималку популарна, но која е одраз само на правилно спроведување на заштитата на животните. Јас мојата невиност ќе ја докажам пред институциите, и секогаш ќе имам неизмерна љубов кон сите животни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library479p3iai9ige7KdZAtU

Скопската Зоолошка доби нов в.д. директор, доаѓа од редот на вработените

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryee0jmccsqgqg7eOXVTq

Контроверзии околу новиот менаџер на Зоолошка: Бил осуден за измама со животни, казната избриша,а тој вели дека не е осудуван

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryuaro3bt3pc6nf0WY4xQ

Продолжи судењето за случајот со закланите коњи во Зоолошката градина – сведочеа директорот Попов и ветеринар од АХВ

Скопје | пред 2 месеци

bizon

Почина европскиот бизон, еден од најстарите жители на ЗОО Скопје

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања