Промени тема
Контакт

Од сопствената фирма префрлале пари и имот на блиски лица, извлекле над 73 милиони денари и ја турнале во стечај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library32upc69icq8893Bh4zB
ФБ

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство во Штип поднесе кривична пријава против две физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради сомнение дека сториле кривични дела „Намерно предизвикување стечај“ и „Оштетување или повластување на доверители“.

Според Финансиската полиција, првопријавениот Ѓ.З., како управител и сопственик на правното лице, заедно со второпријавениот А.С., во периодот од 2022 до 2024 година преземале активности со цел намерно да го доведат правниот субјект во финансиска немоќ и економска пропаст.

— реклама —

Во пријавата се наведува дека осомничените склучувале штетни договори и пренесувале парични средства и друг имот на лица блиски до првопријавениот, без реална правна и економска основа. Дополнително, управителот отуѓувал движен и недвижен имот на друштвото по значително пониски цени од пазарните, што било спротивно на интересите на компанијата и нејзините доверители.

— реклама —

Со ваквите постапки, според Финансиската полиција, континуирано бил намалуван имотот на друштвото, поради што доверителите не можеле да ги наплатат своите побарувања, а компанијата завршила во трајна неликвидност и стечајна постапка.

— реклама —

Со наведените дејствија, доверителите биле оштетени за 13.268.816 денари, додека осомничените за себе и за лица во роднинска врска прибавиле противправна имотна корист во износ од 73.538.152 денари, соопшти Управата за финансиска полиција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

danok

Затаен данок од 4,5 милиони денари: Кривична пријава против сопственик на фирма од Струга

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryjbkiv0kh7cad1b1MKtK

Знаел дека на фирмата ѝ претстои стечај, па присвоил 10 возила и стока, а подигнал и 53,8 милиони денари

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

Фиктивни книжења и милионска даночна измама со нафта, буџетот оштетен за над 7,2 милиони денари

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjbkiv0kh7cad1b1MKtK

Турски државјанин и уште едно лице осомничени за даночно затајување од над 12 милиони денари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања