Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

„Од ветувања за најниски цени на горивата во регионот, до 104,50 денари за дизел - Левица бара намалување на давачките за горивата, маржите и патарините“, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
apasiev

Дизелот достигна цена од 104,50 денари за литар, откако Регулаторната комисија за енергетика повторно ја зголеми максималната малопродажна цена. Од Левица преку соопштение реагираат дека на 11 август дизелот чинел 91,50 денари, што значи дека за нешто повеќе од еден месец поскапел за 13 денари.

Од партијата посочуваат дека дизелот е значаен трошок за транспортот, земјоделството, градежништвото, дистрибуцијата и производството, поради што повисоките цени на горивото може да влијаат и врз цените на производите и услугите.

— реклама —

Од Левица ја повикуваат РКЕ да ги преиспита составните елементи на цената и да ги намали регулираниот надоместок за склад и трговската маржа. Според нивните наводи, овие две ставки во актуелната пресметка учествуваат со околу 6,9 денари во литар.

— реклама —

Партијата бара и привремена регулација на трговската маржа, со цел да се намали влијанието од високите берзански цени врз крајната цена на горивото.

Дополнително, Левица бара патарините да се намалат за 50 проценти за сите лиценцирани товарни и патнички превозници, со образложение дека високите трошоци за транспорт може да влијаат врз цените на храната и основните производи.

— реклама —

Од партијата бараат Владата да ги искористи фискалните инструменти што ѝ стојат на располагање, меѓу кои намалување на ДДВ за горивата од 10 на 5 проценти и дополнително намалување на акцизата за дизелот за 4 денари.

Левица бара и контрола на работењето во нафтениот сектор и проверка на евентуални злоупотреби на пазарната позиција. Партијата предлага задолжителна контрола и обележување на комерцијалните резерви, со податоци за количината на набавеното гориво, набавната цена и времето на набавка.

Од Левица оценуваат дека државата и РКЕ не треба само да ги следат промените на светските цени, туку да ги преиспитаат и домашните давачки и регулаторните механизми што влијаат врз крајната цена на горивата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuj2dcbga2kesdusJyX2

„10 милиони евра за фушерај - „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна“, велат од Левица

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Во ек на грејна сезона МЕПСО бара речиси двојна тарифа - Регулаторната комисија за енергетика да престане да ги остава граѓаните на цедило

Македонија | пред 22 часа

media-libraryjphuscl4q4iubRXHkA2

Левица: Обединети во злосторот - пратеници на ДПМНЕ, СДС, ДУИ, ВЛЕН, ЗНАМ и ЛДП во Израел газат по коските на палестинските деца

Македонија | пред 2 дена

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: Мицкоски тврди дека економијата е „многу, многу постабилна“, а секое трето дете живее во сиромаштија

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања