Промени тема
Контакт

Од Зелениково до Скопје за 40 денари: Денес почна да сообраќа првата линија на „Градски воз“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Скопје
IMG_4314
Илустрација

Од утринава официјално започна да сообраќа првата линија од проектот „Градски воз“, која ги поврзува Зелениково и Железничката станица во Скопје. Првиот воз тргна во 06:20 часот, со што проектот влезе во оперативна фаза.

Линијата има седум попатни станици – Ново Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево, Лисиче и Железничката станица како крајна дестинација. На релацијата ќе сообраќаат три возови, според возниот ред подготвен од „Македонски железници-транспорт“.

— реклама —

Цената на билетот во еден правец е 40 денари, додека повратниот билет чини 70 денари.

Од Зелениково се предвидени осум поаѓања дневно – во 06:20, 08:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. Од Железничката станица возовите ќе тргнуваат во 05:32, 07:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот.

За потребите на проектот, „Македонски железници-инфраструктура“ ја реконструираше пругата на оваа делница, со што е зголемена безбедноста и овозможено е зголемување на брзината на возовите.

— реклама —

Паралелно се подготвуваат и другите две линии од проектот. Втората ќе ја поврзува Железничката станица со Бутел, Скопје-Север и Ѓорче Петров, додека третата ќе сообраќа преку Автокоманда и Маџари до Илинден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryqsu1em28lf6v4yt8MRc

Градскиот воз од први септември ќе нѐ носи со 90 км/ч од Зелениково до Транспортен центар

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryqsu1em28lf6v4yt8MRc

Првата линија на Градски воз стартува на 1 септември, најави Николоски

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања