Промени тема
Контакт

Скопје со нов начин на јавен превоз: Градскиот воз официјално пуштен во употреба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Скопје
media-library5jh3mqsj7lv294cRqkz

Граѓаните на Скопје и околината од денеска имаат нова можност за побрзо и поефикасно патување – официјално е пуштен во употреба градскиот воз на релацијата Транспортен центар Скопје – Зелениково.

Возот сообраќа по траса долга околу 25 километри, а од Зелениково до Скопје се очекува да се патува за околу 20 минути. На пуштањето во употреба присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Од Град Скопје велат дека со целосната рехабилитација на железничката пруга граѓаните добиваат побрз, побезбеден и поефикасен начин на патување, што треба да придонесе и за намалување на сообраќајниот метеж.

— реклама —

Во рамки на проектот е извршена темелна модернизација на пругата. Стариот колосек е демонтиран, дотраените дрвени прагови се заменети со бетонски, а колосекот е машински подбиен и регулиран со современа механизација.

Планот е железничкиот и автобускиот превоз да функционираат како интегриран систем, со усогласување на возните редови за полесно поврзување на различните делови од Скопје и околните населени места.

Градскиот воз е дел од пошироките планови за модернизација на јавниот превоз. Завршена е постапката за набавка на 100 нови градски автобуси, чија испорака се очекува во периодот што следува.

— реклама —

Паралелно, подготовките за БРТ-системот се во завршна фаза. Од Град Скопје очекуваат овие проекти да придонесат за помал сообраќаен метеж, почист воздух и поквалитетен јавен превоз за граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

IMG_4314

Три линии на градскиот воз ќе го поврзуваат Скопје: Двете нови делници до почетокот на 2028 година

Скопје | пред 3 часа

IMG_4314

Од Зелениково до Скопје за 40 денари: Денес почна да сообраќа првата линија на „Градски воз“

Скопје | пред 1 ден

media-libraryqsu1em28lf6v4yt8MRc

Градскиот воз од први септември ќе нѐ носи со 90 км/ч од Зелениково до Транспортен центар

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryqsu1em28lf6v4yt8MRc

Првата линија на Градски воз стартува на 1 септември, најави Николоски

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања