Промени тема
Контакт

ГРАДСКИ ВОЗ

media-library5jh3mqsj7lv294cRqkz

Огромен интерес за градскиот воз – за три дена превезе 1.500 патници

Голем интерес кај граѓаните има за користење на градскиот воз, кој за само три дена превезе околу 1.500 патници, информира министерот за транспорт Александар Николоски.Тој очекува бројот на патници значително да се зголеми во наредниот период и да надмине 100.000 корисници.„За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници“, посочи Николоски.

Скопје | пред 1 седмица

media-library5jh3mqsj7lv294cRqkz

Скопје со нов начин на јавен превоз: Градскиот воз официјално пуштен во употреба

Граѓаните на Скопје и околината од денеска имаат нова можност за побрзо и поефикасно патување – официјално е пуштен во употреба градскиот воз на релацијата Транспортен центар Скопје – Зелениково.Возот сообраќа по траса долга околу 25 километри, а од Зелениково до Скопје се очекува да се патува за околу 20 минути. На пуштањето во употреба присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и градоначалникот на Град Скопје, Орце

Скопје | пред 1 седмица

IMG_4314

Три линии на градскиот воз ќе го поврзуваат Скопје: Двете нови делници до почетокот на 2028 година

Градскиот железнички превоз во Скопје треба да се развива со вкупно три линии, од кои првата започнува со работа денеска, додека за останатите две паралелно се изработува проектната документација.Директорот на „Македонски железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски, информира дека едната од преостанатите линии ќе се протега од Волково, преку Ѓорче Петров и Скопје Север, до Железничката станица во Скопје, во должина од 18 километри.Втората линија ќе ги поврзува Миладиновци, Илинден и Маџари со

Скопје | пред 1 седмица

IMG_4314

Од Зелениково до Скопје за 40 денари: Денес почна да сообраќа првата линија на „Градски воз“

Од утринава официјално започна да сообраќа првата линија од проектот „Градски воз“, која ги поврзува Зелениково и Железничката станица во Скопје. Првиот воз тргна во 06:20 часот, со што проектот влезе во оперативна фаза.Линијата има седум попатни станици – Ново Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево, Лисиче и Железничката станица како крајна дестинација. На релацијата ќе сообраќаат три возови, според возниот ред подготвен од „Македонски железници-транспорт“.Цената на билетот во еден правец

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryqsu1em28lf6v4yt8MRc

Градскиот воз од први септември ќе нѐ носи со 90 км/ч од Зелениково до Транспортен центар

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека од 1 септември почнува првата линија од проектот „Градски воз“, кој треба да понуди нов вид јавен превоз за Скопје и околните населени места.Според него, проектот ќе значи побрз и поеколошки транспорт за голем број граѓани кои секојдневно патуваат кон центарот на главниот град.„Тоа ќе значи нов еколошки транспорт за голем дел граѓани коишто имаат дневна рутина да се движат кон центарот на градот, на потегот од Зелениково, преку Драчево, Лисиче, Аеродром,

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryqsu1em28lf6v4yt8MRc

Првата линија на Градски воз стартува на 1 септември, најави Николоски

Вицепремиерот Александар Николоски најави пакет проекти во железничкиот и јавниот превоз, меѓу кои набавка на нови локомотиви, нови возови и старт на првата линија од Градскиот воз во Скопје на 1 септември.Според него, МЖ Транспорт веќе потпишал договор со компанијата ЕВОР за набавка на најмалку пет нови товарни локомотиви, додека паралелно се работи со Светска банка за обезбедување нови патнички возови.Најавите се дел од поширока стратегија за модернизација на јавниот превоз, во која централно

Скопје | пред 4 месеци

media-library7o8copoi1fvu0lanwZp

Скопје добива градски воз и нови автобуси од септември

Скопје од септември треба да ја добие првата делница од проектот за Градски воз, кој ќе сообраќа на релација од Зелениково до Транспортниот центар, како и првите 30 нови автобуси, доколку успешно заврши тендерската постапка, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.Тој во гостување во емисијата „Само интервју“ посочи дека тендерот за набавка на автобуси е затворен и во тек е законскиот рок за прием на евентуални понуди по пошта.„Тендерот за набавка на нови автобуси траеш

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања