Голем интерес кај граѓаните има за користење на градскиот воз, кој за само три дена превезе околу 1.500 патници, информира министерот за транспорт Александар Николоски.
Тој очекува бројот на патници значително да се зголеми во наредниот период и да надмине 100.000 корисници.
„За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници“, посочи Николоски.