Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Одговорност од Трипуновски за катастрофалната состојба во земјоделието“, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryr2fpr1d4h6jr1cArv3e

СДСМ преку соопштение оцени дека македонското земјоделство е доведено во катастрофална состојба за време на двегодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и побара политичка одговорност од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

— реклама —

Од партијата тврдат дека субвенциите се намалени за 40 милиони евра, а наместо ветеното зголемување, земјоделците добиле помала финансиска поддршка. Посочуваат дека субвенциите за говеда се намалени од 12.000 на 8.000 денари по грло, додека поддршката за тутунот е намалена од 100 на 80 денари за прва класа.

— реклама —

Според СДСМ, голем број земјоделци сè уште чекаат исплата на субвенциите, додека производните трошоци постојано растат. Дополнително, велат дека откупот од малите земјоделци е намален за 46,2 проценти, што, според нив, е показател за сериозен пад на производството и пласманот.

Партијата наведува дека сточарите протестираат поради доцнењето на субвенциите и намалените откупни цени на млекото, житопроизводителите влегуваат во жетва без позната откупна цена, а лозарите и оризопроизводителите се соочуваат со неизвесност и укинати мерки за поддршка.

— реклама —

СДСМ обвини и за стопирање на повиците за набавка на трактори и механизација преку Програмата за рурален развој, како и за корупциски скандали поврзани со ИПАРД програмата.

— реклама —

„Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието“, порачаа од СДСМ, потсетувајќи дека поднеле интерпелација против министерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 41 минута

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања