Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Одговорноста за дрогата од пет тони и за домашните заплени е во врвот на власта, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

СДСМ соопшти дека одговорноста за картелскиот скандал со пет тони дрога од Македонија, запленети во Србија, како и за последователните заплени во земјава, се наоѓа во самиот врв на власта. Од партијата оценуваат дека молкот на институциите е директен доказ за сериозноста на случајот и за постоењето на системски пропусти.

— реклама —

Според СДСМ, и по поминати неколку дена, јавноста сè уште не добила одговор на клучното прашање – како пет тони дрога успеале да поминат преку македонската граница. Тие нагласуваат дека без поддршка или најмалку премолчена согласност од структури високо во власта, во Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и други надлежни институции, не е можно да се шверцуваат толкави количини наркотични средства.

— реклама —

Од опозициската партија посочуваат дека поврзаноста на криминални структури од Македонија и Србија станува сè поочигледна и дека, како што велат, наскоро ќе излезе на виделина целата вистина за овој случај. Воедно, тие ја критикуваат и, како што ја нарекуваат, медиумската кампања и дефокусот со информации за наводни големи заплени на марихуана во земјава.

— реклама —

„Доколку навистина се запленети 40 тони или повеќе нелегално произведена марихуана, тогаш повторно одговорноста е кај власта“, наведуваат од СДСМ. Според нив, логично се наметнува прашањето како е можно изминатите две години нелегално да се произведува и чува толкава количина марихуана без реакција на надлежните органи.

— реклама —

СДСМ директно прашува која институција потфрлила – дали Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за земјоделство или некоја друга државна институција. Од партијата порачуваат дека наместо, како што велат, бегање од одговорност, ВМРО-ДПМНЕ мора јавно да одговори кој дозволил пет тони дрога да се шверцуваат преку граница и кој конкретно ќе понесе одговорност за тоа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања