Промени тема
Контакт

Одново пожари низ Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
pozarna

ЦУК: 1 856 повици на 112, осум пожари на отворено во последното деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 856 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 48,60%, а 51,40% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 65,79%, кон Итната медицинска помош 25,19%, а кон пожарникарите 4,89% од реалните повици кон 112 во ЦУК.

„Инаку, имало 961 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 2,63% и на 47,28% именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи“, велат од ЦУК.

— реклама —

Од пожари на отворено во последното деноноќие има регистрирано осум (8) коишто се и пријавени и документирани во ЦУК.

„Регионалните центри за управување со кризи Куманово, Тетово и Штип, бележат по една интервенција во нивните региони, а Регионалниот ЦУК Скопје бележи пет пожари на отворено. Конкретно, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје, од 13:30 до 15:00 часот гаснеле запалена шума и трева кај с. Грушино на површина од 3 500 m2 (Општина Арачиново), од 16:05 до 17:35 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари гаснеле запалена депонија во с. Брњарци на површина од 500 m2 (Општина Гази Баба) и од 16:10 до 17:35 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари, гаснеле запалена трева и ѓубре во Јурумлери на површина од 200 m2 .. (Општина Гази Баба) Инаку, од БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие бележи уште 2 помали интервенции“, велат од ЦУК

— реклама —

Пожарникарите паралелно со пожарите на отворено гаснеле и пожари во населени места, на територија на целата држава.

— реклама —

ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во каналите. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Активен пожар во шумата кај Белица, ЦУК регистрираше 11 пожари во текот на ноќта

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryi7euruiefaci1lVfymN

36 пожари во изминатото деноноќие – 3 активни, 5 под контрола

Македонија | пред 6 дена

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Пожарот на Скопска Црна Гора најкомплексен за гаснење, вклучен и полициски хеликоптер

Македонија | пред 6 дена

media-libraryj722lahbhm831KAEh2p

18 пожари на отворено до 13 часот, осум и натаму активни

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања