„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ОМО Илинден Пирин бара уставни измени во Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
20230426181225

ОМО Илинден Пирин бара уставни измени во Бугарија.

— реклама —

Бугарија треба официјално да го признае постоењето на националните малцинства и концептот „национални малцинства“ да биде вклучен во Уставот. Велат дека треба да се ​​направат потребните законски измени за да се престане со користењето на принципот на единство на нацијата за негирање на постоењето на националните малцинства и нивните права. Доколку е можно, малцинствата треба да се наведат по име за да се избегне каква било можност за погрешно толкување на Уставот и негирање на малцинствата, пишува во Годишниот извештај на ОМО Илинден – Пирин, нерегистрираната партијата на Македонците во Бугарија.

Објаснуваат дека и во 2022 година се повредува правото на здружување и мирно собирање, говорот на омраза и дискриминацијата на која се подложени Македонците во Бугарија се засноваат на доминантната националистичка идеологија од времето на комунизмот, во која негирањето на постоењето на македонското малцинство и нација и третирање на самата идеја како непријателски кон Бугарија, играат клучна улога.

— реклама —

Според нив, тешко дека состојбата на Македонците во Бугарија може да се подобри без сериозна надворешна интервенција, особено од европските институции.

„Проблемот е многу стар и сериозен и бара итни мерки. Негирањето и дискриминацијата на македонското малцинство е последната тоталитарна политика во Европската Унија, се вели во извештајот на ОМО Илинден – Пирин и се даваат следниве препораки за промени: Да се ​​повлече одлуката на Уставниот суд од 29 февруари 2000 година и декларацијата на бугарскиот парламент од 6 март 1990 година, како и ставот на владата и декларацијата на Парламентот од 9 ноември 2019 година, според кои во Бугарија не постои формална македонска етничка припадност. Тие служат како идеолошка и правна основа на дискриминацијата. Владата официјално да се изјасни дека македонското малцинство повеќе нема да биде дискриминирано и дека неговите права ќе бидат заштитени. Да се ​​преземат мерки уставната забрана за регистрација на организации со етничка основа да не може да се толкува и употребува против правото на малцинствата да создаваат организации“, велат од ОМО Илиден.

Бараат Бугарија да ги исполни одлуките на Европскиот суд за човекови права и македонските организации да бидат регистрирани.

Во идните пописи треба да се внесе посебна графа „македонски“ и при нејзиното спроведување јавно и официјално да се објави дека секој што се чувствува Македонец може слободно да се дефинира како таков, а истото да се внесе во упатството за попишувачите.

Треба да се ​​преземат мерки за промовирање на толеранцијата кон македонското малцинство и заштита од говор на омраза и институционална дискриминација.

Понатаму, бараат изучувањето на македонскиот литературен јазик, култура и историја да влезе во образовните програми за децата на македонското малцинство, како и на државните универзитети. Во исто време, основните образовни програми треба да се модифицираат и да не го исклучуваат постоењето на македонската нација, малцинство и нивната историја, култура и јазик (нешто што не е ново и се правеше во минатото во Бугарија, а потоа беше напуштено).

Инаку, македонските Бугари бараат и тие да бидат дел од групата за уставни измени. Македонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот, со цел да продолжи по европскиот пат и да нема вето од источниот сосед.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

makedonija-zname-610x400-1

OMO „Илинден“-Пирин: Спречивме македонското малцинство во Брисел да биде преименувано како северномакедонско

Македонија | пред 2 години

omo-1024x526-1-696x358-1

ОМО Илинден Пирин: За тепан Бугарин во Охрид се крена Бугарија, а Македонија молчи за сомнежот за убиство на Македонецот во Софија

Коментари | пред 2 години

Omo-Ilinden-Pirin

„Односите со Бугарија се влошија откако имав средба со ОМО Илинден“, вели Пендаровски

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања