Организацијата ОМО “Илинден”-Пирин изразува јавна поддршка за адвокатот Тони Менкиноски, оценувајќи дека забраната која му е изречена од бугарските власти нема правна основа, туку претставува етнички мотивирана одлука.
Ова доцна синоќа го објавија ОМО “Илинден” - Пирин, од каде додаваат дека сметаат дека ваквата постапка е насочена против Менкиноски поради неговата припадност и ангажман во одбрана на правата на Македонците во Бугарија.
ОМО “Илинден”-Пирин сметаат дека ваквата постапка е насочена против Менкиноски поради неговата припадност и ангажман во одбрана на правата на Македонците во Бугарија.
ОМО “Илинден”-Пирин оценува дека ова е срамна постапка што ја разоткрива вистинската природа на шовинизмот кој владее во одредени кругови во Бугарија.
ОМО “Илинден”-Пирин потврдува дека Менкиноски со својата работа пред Европски суд за човекови права во Стразбур ја симболизира борбата за правда, достоинство и заштита на основните човекови права на Македонците во Бугарија.
ОМО “Илинден”-Пирин нема да се откаже од борбата за основните права и слободи на Македонците во Бугарија, додавајќи дека ваквите случаи треба да бидат предмет на внимание и на институциите на Европска Унија.
ОМО “Илинден”-Пирин порачува дека Европската Унија не треба да остане рамнодушна кон политиките кои имаат за цел преку притисоци и закани да го негираат македонскиот идентитет, стои во објавата.