Промени тема
Контакт

OMO „Илинден“-Пирин: Спречивме македонското малцинство во Брисел да биде преименувано како северномакедонско

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
makedonija-zname-610x400-1

Во одговор на писмо упатено на 21 јули 2021 година од Европската слободна алијанса (ЕФА) до Европската комисија, за положбата и правата на македонското малцинство во Бугарија, на 3 ноември 2021 г. беше добиен одговор, во кој македонското малцинство во Бугарија беше преименувано во „северомакедонско“ малцинство и прашањето неосновано беше поставено во врска со договорот за добрососедство на Бугарија со Македонија, иако во случајов станува збор за негирани права на европски граѓани, информираат од ОМО „Илинден“-Пирин, во објава на социјалните мрежи.

„ОМО „Илинден“ – ПИРИН и ЕФА реагираа на овој обид да се преименува македонското малцинство во Бугарија, уште повеќе што и други институции во Брисел покажаа слични тенденции, иако последните не толку отворено. На упатеното писмо со реакција од наша страна – не беше добиен одговор. Затоа ЕФА се обрати до Европскиот омбудсман и побара извинување од Европската комисија во името на ОМО „Илинден“ – ПИРИН.

— реклама —

Последната реакција имаше ефект и на 16 јуни 2023 година, раководителот на Генералниот директорат за владеење на правото, фундаментални права и демократија во Европската комисија, Ингрид Беландер Тодино, упати официјално извинување, при што на двапати правилно – почитувајќи го правото на слобода на национална и етнокултурна самоопределба на етничките Македонци во Бугарија – ја именува нашата заедница како: „Macedonian minority in Bulgaria“, се истакнува во објавата.

— реклама —

Ова е веројатно прв пат, додаваат во напишаното, институција на Европската унија да го прифати и признае очигледниот факт на постоењето на македонското малцинство во Бугарија, наспроти обидите на Бугарија да го негира нашето постоење.

— реклама —

„ОМО „Илинден“ – ПИРИН ја продолжува и понатаму својата борба за признавање и непречено ползување на човековите и малцински права на Македонците во Бугарија“, потенцираат во написот на социјалните мрежи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library68n00hqju0imbimAU8g

ОМО „Илинден“-Пирин со поддршка за адвокатот Тони Менкиноски: Забраната е етнички мотивирана

Коментари | пред 6 месеци

— реклама —
media-library8o6a78s5i0uq3Y1bzeR

Мицкоски: Македонците во Бугарија бараат ОМО „Илинден-Пирин“ да ги застапува нивните права – многу ли е тоа?

Македонија | пред 7 месеци

20230426181225

ОМО Илинден Пирин бара уставни измени во Бугарија

Македонија | пред 3 години

omo-1024x526-1-696x358-1

ОМО Илинден Пирин: За тепан Бугарин во Охрид се крена Бугарија, а Македонија молчи за сомнежот за убиство на Македонецот во Софија

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања