Промени тема
Контакт

ООУ „Владо Тасевски ќе добие современо спортско игралиште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-librarydfb921bilb6h5PPG0cd

Во тек се градежните активности за целосна реконструкција на постојното спортско игралиште во училишниот двор на ООУ „Владо Тасевски“, во урбаната заедница „Кузман Јосифовски-Питу“ (во населбата Козле).

— реклама —
— реклама —

Реконструкцијата ќе опфати вградување на нов тампон, асфалт и рабници. Зафатнината на игралиштето изнесува 600 метри квадратни, а изведувач на работите е фирмата ДПГТТУ „Филип Инженеринг“ ДООЕЛ. Вредноста на проектот е 1.842.452 денари.

Во зависност од временските услови, се очекува спортското игралиште да биде пуштено во употреба кон крајот на март или почетокот на месец април.

Ова училишно спортско игралиште, долги години беше во незавидна состојба и со реконструкцијата, учениците од основното училиште „Владо Тасевски“ ќе можат да ги извршуваат своите физички активности на квалитетено надворешно спортско игралиште, но и помладите генерации од населбата Козле ќе добијат современ спортски терен на кој ќе може да спортуваат и да се рекреираат.

Општина Карпош и во иднина ќе вложува финансиски средства во реконструкција, ревитализација и осовремување на спортските игралишта во рамките на училишните дворови во основните општински училишта, се со цел, учениците и младите да имаат модерни, квалитетни и функционални спортски терени кои ќе ги користат за спорт и спортски активности“, информираат од општина Карпош.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

evn-ptici-struen1

Денес прекин на струјата во Општина Карпош

Скопје | пред 6 дена

— реклама —
media-librarynhi48kqsdp3daITSseD

ОУ „Братство“ добива нова спортска сала вредна 64 милиони денари, ќе има трибина со 400 седишта

Скопје | пред 2 седмици

park

Паркот во Карпош 4 ќе биде готов до крајот на годинава: 72.000 квадрати зеленило и спортски терени

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryclab9cqjnh305hrVoST

(Видео) Нов вандализам, овојпат во Карпош: деца снимени како уништуваат приватен имот

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања