Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Опасен тренд на ТикТок: руски таблети за слабеење ги праќаат тинејџерите во болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
media-library0jh5lb2edr816tSLXW9

Таблети наречени „Molecule“, кои ветуваат брзо слабеење, станаа вирален тренд на руската верзија на ТикТок, каде младите масовно ги купуваат преку интернет. Реклами со слогани како „Земи Molecule и заборави дека храната постои“ ги преплавија социјалните мрежи, но зад ветувањето за совршена линија се кријат опасни последици – десетици тинејџери завршија во болница, пишува рускиот сервис на BBC.

Една од жртвите е 22-годишната Марија од Санкт Петербург, која таблетите ги нарачала преку интернет-продавница. „Земав по две таблети дневно, а по две недели ми се исуши устата, го изгубив апетитот и воопшто не чувствував глад. Станав раздразлива, ги гризев усните и внатрешноста на образите“, раскажува таа.

— реклама —

По неколку дена добила тешка анксиозност и негативни мисли. „Овие таблети ми влијаеја врз психата многу посилно отколку што замислував,“ додава Марија.

И други корисници на ТикТок пријавуваат проширени зеници, тремор, несоница и напади на паника. Неколку ученици завршиле во болница – меѓу нив и 13-годишно момче од Санкт Петербург, кое добило халуцинации по земање на таблетите.

Во април, девојче од Сибир било хоспитализирано откако се предозирало обидувајќи се да ослаби за летото. Мајка на друга ученичка изјавила дека нејзината ќерка завршила на интензивна нега по земање неколку таблети одеднаш.

— реклама —

Иако на пакувањето на „Molecule“ пишува дека содржи „природни состојки“ како корен од глуварче, новинарите на „Известија“ откриле дека таблетите содржат сибутрамин – лек што првично се користел како антидепресив, а потоа како средство за сузбивање апетит. Истражувањата покажале дека ја зголемува опасноста од срцев и мозочен удар, поради што е забранет во ЕУ, САД, Велика Британија и Кина.

Во Русија, сибутраминот може да се препише само со лекарски рецепт, но нелегалната продажба преку интернет цветa. Една кутија чини околу 8 до 9 долари за 20 дена употреба, што е далеку поевтино од легалните лекови.

— реклама —

„Самоволната употреба на вакви супстанци е исклучително опасна – никој не знае колкава концентрација имаат,“ предупредува ендокринологот Ксенија Соловјева.

И покрај забраната, властите тешко ја контролираат онлајн-продажбата. По бришењето на „Molecule“ од големите интернет-продавници, таблетите повторно се појавија под ново име – „Atom“, со исто пакување. Продавачите го заобиколуваат законот така што ги рекламираат како „спортска исхрана“ или дури ги нудат под огласи за житарки, колачи и сијалици.

Не е јасно ниту каде се произведуваат таблетите – некои продавачи приложуваат фалсификувани сертификати од Кина или Германија, додека други адреси воопшто не постојат.

— реклама —

Руски инфлуенсери, меѓу кои и Анна Енина, која и самата користела нелегални таблети, денес предупредуваат:
„Како некоја што имала нарушување во исхраната – последиците се ужасни. Ќе се покаете десетпати,“ напиша таа.

Марија, која преживеа поради навремена хоспитализација, денес активно ги советува младите да не земаат „чудотворни“ таблети за слабеење. „Секој нов видео-клип што ќе ми се појави на ТикТок ме потсетува на тоа што речиси ме уништи,“ вели таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8puqnnmutpumbXi5pO5

(Видео) Украинските дронови ја погодија руската нафтена индустрија: Капацитетите за преработка намалени за 30 отсто

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryt9rn71kbcs732xUGMML

Русија ја нападна Украина со 162 дрона и балистичка ракета, цел била и термоцентрала кај Киев

Свет | пред 7 часа

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 20 часа

media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања