„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Опозицијата обвинува: Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја поради колапсот на ЕСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

Од Социјалдемократски сојуз на Македонија обвинија дека прогласувањето кризна состојба во енергетиката нема никаква врска со надворешни фактори, туку претставува обид за покривање на, како што велат, криминалните тендери и неспособноста на актуелната власт. Според СДСМ, токму овие политики се единствената причина зошто сите граѓани ќе плаќаат поскапа струја.

Во партиското соопштение се наведува дека за само година и половина, Владата предводена од Христијан Мицкоски ја довела најголемата државна енергетска компанија, ЕСМ, до финансиски и производствен колапс. Како доказ за тоа, СДСМ посочува дека годинава е забележано историски најниско производство на домашна електрична енергија, со помалку од 3.000 GWh, наспроти планираните 5.100 GWh, што го оценуваат како катастрофално лош резултат.

— реклама —

Според опозицијата, наместо навремено и рационално домашно производство, власта ја надоместува разликата со скап увоз на струја по значително повисоки цени. Последиците, како што тврдат, директно ги чувствуваат граѓаните. Официјалната загуба на ЕСМ за само првите два квартали од 2025 година, според СДСМ, изнесува 77 милиони евра, со проекција дека до крајот на годината загубата ќе надмине 100 милиони евра.

— реклама —

Дополнително, се наведува дека ЕСМ за само 18 месеци земала нови кредити во износ од над 110 милиони евра, со што вкупната финансиска дупка, според СДСМ, надминува 200 милиони евра. Партијата потенцира дека станува збор за внатрешно предизвикана криза, а не за последица од состојбите во регионот или протестите во Грција.

— реклама —

Како клучно прашање, СДСМ прашува зошто навреме не биле обезбедени енергенси за зимскиот период. Според нив, во ек на зима нема ни минимум 300.000 тони јаглен на депонија, што го оценуваат како основен предуслов за сигурно производство. Истовремено, обвинуваат дека мазутот не бил набавен навреме, туку сега панично се бара решение, при што јавно прашуваат дали веќе постои избрана фирма за снабдување со мазут.

Опозициската партија заклучува дека токму поради ова се прогласува кризна состојба и дека ударот повторно паѓа врз џебот на граѓаните. Според СДСМ, државата се соочува со буџетска дупка од една милијарда евра, но, како што велат, власта не се откажува од криминалните тендери и скапиот увоз на струја и мазут. „Сметката за ова на крајот ја плаќа народот, сите граѓани на Македонија“, порачуваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryldmdq6ub6e0l2wzBVAE

СДСМ: Ристов е дел од бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката

Македонија | пред 2 дена

zaev-filipce

Обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Заев и Филипче молчат за милионски поткуп

Македонија | пред 2 дена

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Филипче до Мицкоски: Предупредувавме, кризата сега ја плаќаат граѓаните

Македонија | пред 2 дена

media-librarymevc6rsrlh6g5lbsBOU

Битиќи: Горивата не се само приход за буџетот, туку трошок за економијата

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања