Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Општина Ѓорче Петров и Црвениот крст оддадоа признание на посветени крводарители и хумани граѓани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Скопје
media-librarysjsn4sa3c77e1iPPEID

По повод 17 Март - Денот на формирањето на Црвениот крст на Република Македонија и Денот на крводарителството, во Општина Ѓорче Петров, во соработка со Црвениот крст, денес беа доделени благодарници и признанија на крводарители и поддржувачи на хуманитарните активности.

— реклама —

Станува збор за граѓани кои не бараат внимание, но секогаш се тука кога е најпотребно - луѓе кои со својата хуманост директно спасуваат човечки животи.

— реклама —

Признанија им беа доделени на: Анита Велкова, Горан Јанев, Стефан Георгиевски, Моника Палоска и Марко Дабески.

— реклама —

Посебна благодарница му беше доделена на Владимир Блажески за значајниот јубилеј - 50 дарувања крв, како редок и вреден пример за посветеност и хуманост. Во рамки на настанот, признание за поддршка на хуманитарните активности беше доделено на градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, како и на Драган Трпески, вработен во Општината.

Градоначалникот Стојкоски во своето обраќање посочи:

„Хуманоста не се докажува со зборови, туку со дела. Денес оддаваме признание на луѓе кои без двоумење даваат дел од себе за некој друг да има утре. Тоа е вредност што не може да се измери, но може да се почувствува во секој спасен живот. Нашата обврска како институција е да ги поддржиме и да создадеме услови оваа хуманост да продолжи да живее и да се пренесува.“

Општина Ѓорче Петров и понатаму ќе продолжи да ги поддржува сите иницијативи што го зајакнуваат чувството на заедништво и солидарност во општеството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3g0q3i21q4jn6pIMbUW

Општина Ѓорче Петров обезбеди просторни и технички услови за децата со попреченост

Скопје | пред 3 дена

media-libraryk0nscrmdlvhn6HRf0aW

Градоначалникот Стојкоски на средба со амбасадорката Н. Е. Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД

Скопје | пред 1 седмица

media-library2e1d6tmoj5co0AfwE86

Општина Ѓорче Петров ќе ја добие најголемата кровна фотоволтаична централа на јавни објекти во Македонија

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryl29gek641uq3e6HJQXj

Европско признание за извонредност во работењето на Општина Ѓорче Петров

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања