Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Општина Ѓорче Петров обезбеди просторни и технички услови за децата со попреченост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-library3g0q3i21q4jn6pIMbUW

Општина Ѓорче Петров обезбеди просторни и технички услови за реализација на наставата на Основното училиште со ресурсен центар „д-р Златан Сремец“, кое функционира во рамки на ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“.

Станува збор за една од првите вакви практики на локално ниво во Република Македонија, со која се унапредуваат условите за инклузивно образование и се овозможува соодветна поддршка за учениците со попреченост.

— реклама —

Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека оваа иницијатива е јасен показател дека инклузијата не треба да остане само декларативна, туку да се преточи во конкретни услови и поддршка на терен.

„Создаваме средина во која секое дете има еднаква шанса за развој и пристап до образование, без разлика на предизвиците со кои се соочува“, посочи Стојкоски.

— реклама —

Соработката помеѓу Општината и ОУРЦ „д-р Златан Сремец“ е формализирана со меморандум потпишан во 2024 година, со што се воспоставува континуирано партнерство насочено кон обезбедување стручна и институционална поддршка.

— реклама —

Од Општината најавуваат дека ќе продолжат со активности насочени кон унапредување на инклузивните политики и создавање услови за квалитетно образование за сите ученици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5b65qemhpef9fLYcR2q

Фотоволтаични системи на сите основни училишта во Ѓорче Петров

Скопје | пред 15 часа

media-library0e095eprldu3d8lwA7O

Општина Ѓорче Петров: Бесплатен ранец, финансиска поддршка и ужинка за секое прваче

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryjo93v63rmdtq6VELKa7

Нови 770 квадратни метри за учениците во Хром: Почна доградбата на ООУ „Димитар Беровски“

Скопје | пред 1 месец

media-library98dfr61thv4f7y5S8DH

Во Ѓорче Петров се градат седум нови приклучни улици

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања