Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Орбан под удар: Пропадна самитот Путин–Трамп, новите санкции ја тресат Унгарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан доживеа сериозен политички и економски удар, откако падна во вода планот за одржување на самит меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин во Будимпешта, кој требаше да претставува дипломатски успех и обид за посредување меѓу Истокот и Западот.

Само неколку дена по најавата, Трамповата администрација воведе санкции кон двете најголеми руски нафтени компании, ЛУКОИЛ и Росњефт, со цел да го ослаби рускиот воен буџет – потег што, според CNN, предизвика потрес не само во Москва, туку и во Будимпешта.

— реклама —

Иако санкциите се насочени кон Русија, тие би можеле да имаат сериозни последици за унгарската економија, која е силно зависна од руска енергија. За разлика од повеќето земји од ЕУ, кои по инвазијата на Украина ја намалија зависноста од руските енергенси, Унгарија и Словачка ја зголемија, па денес речиси целосно се потпираат на руска нафта.

Според извештајот на Центарот за проучување на демократијата (CSD) и Центарот за истражување на енергија и чист воздух (CREA), во Унгарија уделот на руската нафта пораснал од 61% пред војната на 86% во 2024 година, а во Словачка зависноста е „речиси стопроцентна“.

— реклама —

Орбан, кој со години промовира „суверенистичка енергетска политика“ и се спротивставува на барањата на Брисел за диверзификација, сега се соочува со последици од ваквиот курс. ЕУ најави дека до 2027 година ќе го забрани увозот на руски течен природен гас (LNG), што дополнително ќе го отежни положбата на Будимпешта.

— реклама —

Покрај тоа, во земјата расте внатрешниот притисок од опозицијата, предводена од поранешниот соработник на Орбан – Петер Магјар, која го обвинува премиерот за економска изолација и корупција.

„Орбановата стратегија да стане посредник меѓу Истокот и Западот пропадна. Наместо самит со Путин и Трамп, доби економска криза и санкции“, оценува политичкиот аналитичар Елина Рибакова од Питерсон институтот за меѓународна економија.

— реклама —

Според неа, обидот на Унгарија да ги заобиколи американските санкции ќе биде првиот тест за сериозноста на Трамповата администрација, која засега испраќа мешани пораки – министерот за финансии Скот Бесент предупредува на „строга примена“, додека самиот Трамп вели дека „се надева санкциите нема долго да траат“.

Во меѓувреме, унгарскиот премиер изјави за државното радио дека неговата влада „работи на тоа како да ги заобиколи санкциите“, додека експертите предупредуваат дека таквиот потег би можел дополнително да ја изолира земјата во рамки на Европската унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

1681455724_1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Се стеснува кругот околу Орбан, истрагите за корупција допрва почнуваат тврди хрватски аналитичар

Свет | пред 2 дена

— реклама —
1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Братот на Виктор Орбан меѓу осомничените за трговија со луѓе, полицијата бара притвор

Свет | пред 1 седмица

viktor-orban

Орбан го обвини Туск за обид за државен удар против сопствениот народ

Свет | пред 2 седмици

orban-tramp1

Зошто Трамп сака Орбан да биде генерален секретар на ОН? Се појави нова теорија

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања