Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Орбан нема да присуствува на самитот на ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Виктор Орбан нема да присуствува на неформалниот самит на лидерите на Европската Унија кој следната недела ќе се одржи во Никозија, потврдија повеќе извори од ЕУ.

— реклама —

Орбан, кој по парламентарните избори претрпе тежок пораз, останува на функцијата до мај, кога новоизбраниот победник Петер Маѓар треба да ја преземе премиерската должност.

— реклама —

Според дипломатски извори, во Брисел повеќе не се очекува неговото доаѓање на состанокот на Кипар. Вообичаена практика во ЕУ е на последниот самит да им се оддаде почит на лидерите кои заминуваат и да им се врачи симболичен подарок, но овојпат тоа нема да се случи со Орбан. Засега не е познато дали Унгарија ќе биде претставена од друг функционер, иако во минатото словачкиот премиер Роберт Фицо понекогаш го заменувал на вакви состаноци.

Орбан до неодамна беше најдолговечен член на Европскиот совет, учествувајќи на самити од 2010 година. Неговиот последен самит беше во март, кога беше критикуван поради неговото вето на пакетот од 90 милијарди евра за Украина.

— реклама —

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, тогаш остро го критикуваше Орбан, истакнувајќи дека договорите постигнати меѓу 27-те членки мора да се почитуваат и дека ниту една земја не може да го блокира процесот. Тој додаде дека „никој не може да ја уценува Европската Унија“.

— реклама —

Победникот на изборите Петер Маѓар претходно го повика Орбан да го укине ветото пред да ја напушти функцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Братот на Виктор Орбан меѓу осомничените за трговија со луѓе, полицијата бара притвор

Свет | пред 2 дена

— реклама —
viktor-orban

Орбан го обвини Туск за обид за државен удар против сопствениот народ

Свет | пред 1 седмица

orban-tramp1

Зошто Трамп сака Орбан да биде генерален секретар на ОН? Се појави нова теорија

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhvtbbknj6p5hb7wDdtY

Орбан, Вучиќ, можеби наскоро и Трамп: Дали следува голем политички пресврт?

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања