Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Орбан: Се повлекувам од пратеничкото место во парламентот, попотребен сум на друго место

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Унгарскиот премиер во заминување, Виктор Орбан, денеска објави дека се повлекува од пратеничкото место во унгарскиот парламент, откако неговата партија Фидес доживеа тежок изборен пораз со кој беше ставен крај на неговото 16-годишно владеење.

Орбан на 12 април загуби од проевропскиот конзервативец Петер Маѓар, чија партија Тиса освои двотретинско мнозинство во парламентот. Изборите во Унгарија беа одбележани со рекордна излезност.

— реклама —

Шеесет и двегодишниот Орбан минатата недела повика на „целосна обнова“ на својата партија. Во видео објавено на Фејсбук, тој изјави дека мандатот што го освоил како носител на листата на Фидес во суштина ѝ припаѓа на партијата, па затоа решил да се откаже од него.

— реклама —

„Потребен сум повеќе на друго место“, порача Орбан, додавајќи дека неговата улога е поважна во реорганизацијата на партијата отколку во парламентот.

— реклама —

Тој истакна дека раководството на Фидес му препорачало да остане на чело на партијата и да продолжи како нејзин претседател. Орбан рече дека е подготвен за таа задача, доколку биде потврден на партискиот конгрес во јуни.

Новиот состав на унгарскиот парламент треба да ја одржи конститутивната седница на 9 мај. Партијата Тиса освои 141 место, Фидес 52, а крајно десничарската Наша татковина освои 6 пратенички места во парламентот со вкупно 199 пратеници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Орбан нема да присуствува на самитот на ЕУ

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-library3r3uf893jpbf7Z4teIY

(Видео) Маѓар објави снимка: на балкон го видел Орбан и прашал дали вежба проштален говор

Свет | пред 1 месец

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Поразот на Виктор Орбан е голем удар за Трамп и американската десница

Свет | пред 1 месец

mickoski-gruevski-141412

СДСМ: Груевски и Мицкоски останаа без Орбан

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања