Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Османи со писмо до пратениците: Верувам и знам дека секој од вас сака да бидеме членка на Унијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
osmani-1

Во продолжение писмото на министерот за надворешни работи, Бујар Османи пратено до пратениците на Собранието на Република Македонија:

„Во петок започнува дискусија по која ќе следи гласање за второто најважно прашање кое било кој парламентарен состав требал да ги донесе во историјата на земјата по независноста – по зачленувањето во НАТО, остварување на втората стратегиска цел на државата за приклучување кон напредното Европско семејство на држави. Во петок Вие ќе одлучувате за европската иднина на Северна Македонија, определба за која работиме и работеа сите Влади во изминатите 30 години. Од Вас ќе зависи дали со прифаќање на промената на Уставот ќе ги продолжиме разговорите по поглавјата за членство во Унијата или ќе запреме во преговорите на подолг рок, до некоја нова шанса, без никаква гаранција за успех, поттикнувајќи го процесот на „пасошизација“ на граѓаните кои бараат европска иднина за себе.

Верувам и знам дека секој од вас сака да бидеме членка на Унијата составена од најдемократски и најбогати земји во светот која гарантира мир, демократски развој и економски просперитет.

Во процесот на преговорите имавме за цел да го зачуваме и зајакнеме македонскиот јазик и македонскиот национален идентитет. Одговорно тврдам дека во тоа успеавме. Македонскиот јазик за прв пат беше прифатен и гласан во Советот на ЕУ помеѓу земјите членки и е недвосмислено дел од европските јазици. Овој факт не може никој да го побие.

— реклама —

Јас ги разбирам сите оние што стравуваат од можностите за натамошни обиди за негирање и наметнување нови билатерални услови. Најодговорно тврдам дека историските и идентитетските прашања не се дел од патоказите и одредниците од кои зависи отворањето и затворањето на поглавјата. Со оваа промена на Уставот, ние само ќе ја зајакнеме нашата меѓународна положба и ќе ја зголемиме меѓународната поддршка за нашите цели. Низ преговорите, шансите да продолжиме да ја промовираме и унапредуваме македонската национална посебност, историја и култура ќе бидат значително подобри и зајакнати.

Секој човек и политичар би бил среќен да биде запаметен од историјата дека постапил правилно кога било најважно. Да остане запаметен дека бил на вистинската страна, дека не се колебал во одлуката со која помогнал земјата да оди напред, а луѓето во неа да живеат подобро.

Јас лично не се сомневам дека со оваа промена на Уставот ќе направиме било каква грешка, напротив ќе отвориме ново поглавје на развој и стабилност за нашите граѓани.

— реклама —

Како што веќе многупати повторував во сите мои јавни настапи, оваа промена не менува ништо во положбата на Бугарите во земјава и во однос на правата што до сега ги имаа и им ги гарантираше Уставот.

Оваа промена ни дава можност на Република Бугарија и на светот да им докажеме дека тие не се дискриминирани, бидејќи реално тоа е така. Ова е можност да ги одземеме сите аргументи, а потоа да се втурнеме брзо кон реформските процеси кои се најважни за нашите граѓани и во наш најдобар интерес.

— реклама —

Со промената на Уставот, ќе стане јасно дека покрај македонскиот народ во земјава живее и дел од бугарскиот народ, кој е различен.

И конечно, одговорно кажувам дека ова не го правиме под диктат на Бугарија, ниту заради уцена од нејзина страна. Ова е компромис во преговорите откако нивниот меморандум до ЕУ за непризнавање на македонскиот јазик и нација не доби поддршка од земјите членки. Компромис со кој го заштитивме македонскиот јазик и идентитет“, се вели во писмото

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7c2ld01kaln59hngLQQ

Османи со нова “драма”, сега му пречи натписот пред влез на Скопје

Скопје | пред 2 седмици

osmani

Османи: „ВЛЕН се очајни ако официјалните средби на еден министер за надворешни работи да ги претставуваат како политички определби“

Македонија | пред 2 седмици

Bujar_Osmani_VP

Османи: Европскиот глас на Албанците во Владата е претворен во ништо, а тоа ништо се вика ВЛЕН

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Османи по враќањето на старите имиња во Тетово: „црн ден за Албанците“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања