Оставката на Кедев на 23 јануари е примена во министерството за здравство, до министерот не е пристигната оставка-велат од МЗ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 часа -

Македонија
media-libraryn91c8325mv4q3tPvcer

Известувањето за повлекување на кардиологот и академик Сашко Кедев од здравствениот совет е примено во Министерството за здравство на 23 јануари годинава односно пред осум дена.

— реклама —

Документот до кој дојде ,,360 степени“ го пишува датумот и причината за оставката.

„Ве известувам дека се повлекувам од работата на здравствениот совет на Министерството за здравство, од причина што сметам дека започнатите контролни процеси треба да ги спроведуваат исклучиво компетентни кадри со веќе докажан стручен и професионален кредибилитет“, пишува Кедев во оставката.

— реклама —

Претходно денеска, на навно прашање за коментар за повлекувањето на Кедев од здравствениот совет и причините што тој ги навел, од Министерството за здравство одговориле дека до министерот за здравство Азир Алиу досега формално не е пристигната оставка од Кедев.

media-librarytomc7qf22vfn6J154me

Кедев во писмената оставка наведува и дека се надева оти „јавното здравство ќе остане приоритет во политиките на Министерството за здравство”.

Кедев минатата година откри скандал и бараше да се расчисти кој во Македонија оперира срце само за профит и без медицинска потреба.

Членови од комисијата, која ја формираше министерот за здравство реагираат дека во контролните процеси не се вклучени компетентни кадри со докажан стручен и професионален кредибилитет а избрани биле доктори интернисти и доктори од судска медицина.

Истрагата на комисијата, се прошири и на државното и на приватното здравство, иако наводите на Кедев се однесуваа само на приватното. Првичните наоди беа дека од 25 кардиохируршки интервенции 10 се непотребни или со непотребно упатување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqtsr2hlacuj78WphT5u

СДСМ прашува: Дали клеветата кон Филипче беше алиби за повлекувањето на Кедев

Македонија | пред 14 часа

media-libraryn91c8325mv4q3tPvcer

Кедев: Стојам зад сè што кажав – непотребни стентирања ја уништуваат довербата во здравството

Македонија | пред 4 месеци

image-207683

Д-р Сашко Кедев испиша историја: Прв Македонец на сите 14 врвови над 8000 метри

Магазин | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања