Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Осуден полициски началник на Спасовски за предизборни притисоци, тврди Стоилковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Stoilkovski-01.04

„Политичкиот притисок и злоупотребите на полицијата во изборни цели при последните локални избори почнаа да излегуваат на површина“, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тој додава:

— реклама —

„Ова е копија на судски документ во којшто стои дека еден од првите луѓе на Оливер Спасовски, Владимир Ристов - познат како Камењар, - Началник на единицата за економски криминал, заедно со уште тројца негови колеги, креирале полициски случај и ја злоупотребиле својата положба врз кандидат за градоначалник којшто не е од СДСМ.

— реклама —

Ристов, познат близок соработник на Оливер Спасовски е осуден за несовесно работење по член 353 од КЗ.

Документот од Основниот кривичен суд Скопје докажува дека Оливер Спасовски ја злоупотребува својата позиција и наместо да се бори со изборни нерегуларности, неговите луѓе работат по партиска насока за притисоци и креирање недемократска атмосфера за политичките противници на СДСМ.

Овој документ, во којшто се казнети и прогласени за виновни дури тројца началници и еден виш инспектор, е доволен доказ за работата, партизацијата, злоупотребите и инструментализацијата на полицијата од страна на Спасовски во изборни цели.

Владимир Ристовски - Камењар е познат на јавноста по спектакуларните затворања на угостителски локали коишто не се блиски до оние каде што редовно уживаат самиот тој заедно со Оливер Спасовски.

Ова е судски документ којшто открива многу повеќе од тоа што СДСМ и Оливер Спасовски сакаат од го сокријат од јавноста. Овој документ покажува класична злоупотреба и партизација на полицијата за којашто укажувавме во време на изборниот период. Овој документ покажува дека се кршат основните столбови на демократијата во заштита на криминалот и корупцијата.

Дури и исклучително заробеното судство не може да ја сокрие злоупотребата на МВР од СДСМ.

Секој еден ден минат со СДСМ на власт е поскап за народот од предвремени парламентарни избори“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

vozach

Вршеле јавен превоз без лиценца, казнети пет возачи во Тетово

Македонија | пред 3 минути

media-library0joatjthp5n21Rbweuv

Лажни долгови и договори за отстапување на побарувања - откриена злоупотреба во Здружение на инвалиди

Македонија | пред 1 час

pesak

Пешак тешко повреден во сообраќајка во Крушево

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања