Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Отишол во Малта, доживеал мозочно крварење, семејството се труди да го врати дома: се собираат средства за авионски медицински превоз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library3pjro9l17425fFiZdP1

На социјалните мрежи се споделува апел за помош за лицето Никола Николовски познат како Томба, кој веќе пет месеци се лекува во болница во Малта по доживеано мозочно крварење, предизвикано од руптура на крвен сад.

— реклама —

Според објавата, тој заминал во Малта на работа, но по здравствената состојба што му се влошила, останал хоспитализиран. Неговата состојба во моментов е стабилна, но му претстои подолг процес на рехабилитација.

Семејството наведува дека за да може закрепнувањето да го продолжи дома, со своите најблиски, потребен е медицински авионски транспорт до Македонија. Трошокот за ваквиот превоз изнесува 27.000 евра, сума која, како што се наведува, семејството не може самостојно да ја обезбеди.

— реклама —

Во апелот се посочува дека Томба е дружељубив човек кој секогаш бил подготвен да помогне, а сега нему му е потребна поддршка. Објавен е и број на трансакциска сметка во „Спаркасе банка“ на име Новка Николовска, преку која може да се донираат средства, со најава дека наскоро ќе бидат објавени и телефонски броеви за донации.

Семејството апелира до граѓаните да помогнат и да го споделат повикот, со цел да се соберат потребните средства и Томба да се врати дома.

media-libraryc29s88msup34cJqhI5w

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8i39saravm1e3EiO524

СоцНет Медија: Масовни полициски контроли на Малта поради мигранти без документи

Свет | пред 6 месеци

gaza-palestina-zname

Палестина добива нова поддршка: Канада и Малта ќе ја признаат во септември!

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања